Граѓаните на Општина Берово, добија нов урбан парк, на просторот во близина на Основниот суд во Берово, од десната страна на река Брегалница.
Паркот е уреден и опремен, во рамките на проектот за ,,Изградба на пешачката патека на река Брегалница и уредување на речното корито во Берово”, кој се реализира преку Центарот за развој на Источно плански регион, од Програмата за рамномерен регионален развој.