Образование
OСУ „Ацо Русковски“ - Берово
Напишано од Administrator
|
OСУ „Ацо Русковски“ - Берово |
LAST_UPDATED2
ОУ „Дедо Иљо Малешевски“
Напишано од Administrator
|
ОУ „Дедо Иљо Малешевски“ |
|
Првата организирана форма на писменост и образование е тесно врзана со изградбата на првата црква во Берово, во 1818 година, која подоцна прераснува во женски манастир,,Свети Архангел-Михаил,,.Веднаш по изградбата на манастирската црква, почнуваат и подготовките за отварање на првото училиште, што отпочнало со работа во 1820 година. Изградбата на црквата и отворањето на првото училиште е поврзана со личноста на нашиот преродбеник Јоаким Крчовски. Во почетокот, училиштето работи како црковно, а со текот на времето, со разни преобразби, минува низ различни форми на граѓанско училиште. Така, после сите историски настани и збиднувања на овој дел од балканот и светот, на 27.11.1044 година започнува настава на македонски јазик. Наставата во училиштето се изведува на македонски јазик. Во училиштето во учебната 2006/07се запишани вкупно 1058 ученици и тоа: во 4 ПУ подготвителна година се 24, во одделенска од I-IV 476 ученици во 31 паралелка и од V-VIII има 558 ученици во 31 паралелка. Самото училиште се наоѓа во центарот на Берово. Основното училиште “Дедо Иљо Малешевски“ , денес опфаќа 7 подрачни училишта и тоа: основните училишта во селата Русиново, Будинарци, Митрашинци и Двориште со сите одделенија, и основните училишта во селата Смојмирово, Владимирово, Ратево и Мачево со четиригодишните одделенија. |
LAST_UPDATED2
Детска градинка "23 Август
Напишано од Administrator
|
Детска градинка "23 Август |
|
Општинската Јавна Установа за деца (ОЈУДГ)- Детска градинка „23 Август“-Берово е лоцирана близу до центарот на Берово, на безбедно место каде нема директен контакт со улици каде се одвива сообраќајот. Условите во кои се воспитани и чувани децата се повеќе од задоволнителни. Ентериерот е добро уреден, хигиената се одржува на високо ниво, храната е добро избалансирана за здрав развој на нашите најмили. Вкупниот број на вработени изнесува 51 лица, но вклучувајки ги и градинките од селата Русиново, Будинарци, и Митрашинци. По повод на „Денот на Шегата“ на ден 1ви април , Детската Градинка „23 Август„-Берово организира маскенбал и дефиле за децата од градинките во Берово, с.Русиново, с.Будинарци, и с.Митрашинци. |

Образование




