Насловна Актуелно

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински ...

Вести

До 15 март се поднесуваат ГДП за остварен приход во 2009

Најдоцна до 15 март секој граѓанин и даночен  обврзник  во РМ задолжително треба да поднесе Годишна даночна пријава за 2009 година , доколку покрај платата или пензијата, приход од самостојна дејност или земјоделска дејност во текот на изминатата година оствариле и приход од закуп на недвижен имот, добиле авторски хонорар, приход од хартии од  вредност или од игри на среќа треба да поднесат ГДП. Потврдите се доставуват до УЈП заедно со пополнет образец Годишна даночна пријава. За сите обврзници што не доставиле пријава до дадениот рок ќе бидат казнети за затајување данок. Казните се движат околу 1000 евра.

 

 

Формирани се Месни заедници во Двориште и Митрашинци

Основањето на Месни заедници е пред сѐ да дојде до израз  интересот  на  граѓаните на селските населби,  кој ќе даде значаен придонес за решавање на секојдневните потреби. Од  Месните заедници, поточно од нејзините   членови ќе доаѓаат иницијативи и предлози до локалната самоуправа кон кои ќе се пристапи заеднички  да се решат. Како најголеми проблеми граѓаните ги наведуваа снабдувањето со вода на нивните населби и одведување на отпадни води, одржување на хигиената, изградба и одржување на патната мрежа, заштита на животната средина, јавен превоз на патници, развој на образование, здравство и социјална заштита.

Прочитај повеќе: Формирани се Месни заедници во Двориште и Митрашинци

 

Градоначалникот Драги Наџински во посета на Долна Нормандија

 

Општина Берово учествуваше  на еднонеделниот семинар за размена на информации и искуства во доменот на развивање на алтернативниот туризам  во регионот Долна Нормандија  и Лимузин во Р.Франција.

Три општини од Р. Македонија  Берово, Новаци и  Ростуше-Маврово преку Центарот за институционален развоj се вклучени во проектот за децентрализирана соработка  помеѓу Р. Македонија и Долна Нормандија и Лимузин.

Прочитај повеќе: Градоначалникот Драги Наџински во посета на Долна Нормандија

   

Каде е вистината за ратевскиот карневал„Бамбурци“ -2009година и здружението „Лешки“

Ратевскиот  kарневал „Бамбурци“ е локална културна манифестација која опстојува долго време, поддржана од локалното население,Општина Берово и Министерството за култура. Овогодишната организација на карневалот беше на високо ниво и беше запазен целиот протокол со што настанот „Ратевски Бамбурци“ веќе добива  сериозни димензии.

Со цел за афирмација и промовирање на карневалот, минатата година Министерството за култура одобри финансиска подршка за организирање на настанот на здружението на граѓани „Лешки“.

Прочитај повеќе: Каде е вистината за ратевскиот карневал„Бамбурци“ -2009година и здружението „Лешки“

 

Општините ќе внимаваaт на енергетската ефикасност во градежништвото

Меморандум за соработка за подобрувањето на енергетската ефикасност на градежните објекти, потпишаа денеска во Скопје  ЕВН Македонија и УНДП

Со овој проект официјално отпочнува имплементација на европската директива за енергија, која има за цел преку професионални тренинзи и обуки во општините да ја подобри  енергетската ефикасност  во градежниот  сектор во земјава.

 

Прочитај повеќе: Општините ќе внимаваaт на енергетската ефикасност во градежништвото

   

Страница 1 от 14

Прашајте го Градоначалникот


Инфо Берово Pdf

vesnik