Насловна Актуелно Вести Награди за најдобро украсен двор, излог и стопански објект

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински ...

Награди за најдобро украсен двор, излог и стопански објект

Општина Берово избра најдобро украсен двор, стопански објект и излог

Со одлука на Советот на општина Берово од Буџетот на општината беа одделени по 4.000 денари за сопствениците на најубаво украсен индивидуален двор, стопански објект и излог. Комисијата за доделување награди формирана од градоначалникот Драги Наџински по претходна обиколка низ градот и другите населени места од Општина Берово ги избра следните:

  • За најдобро украсен двор и семејна куќа се прогласени дворот и куќата на Корчовски Сашо и Славица;
  • За најдобро украсен стопански двор Комисијата ја избра Месната Заедница Ратево, како правен субјект;
  • За најдобро уреден излог со новогодишна содржина беше одбран излогот на Наташа Попочовска.

Паричната награда на сопствениците им ја врачи градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински.

Прашајте го Градоначалникот


Инфо Берово Pdf

vesnik