Насловна Актуелно Вести Берово учествуваше на Меѓународниот саем за туризам во Охрид

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински ...

Берово учествуваше на Меѓународниот саем за туризам во Охрид

Берово ја претстави својата култура, традиција и органска храна

Општина Берово учествуваше на третиот меѓународен саем за туризам, што се одржа во Охрид, во хотелот Парк од 17 до 19 јануари. На саемската манифестација за туризам што се организира по трет пат во Охрид, Берово го презентира своето културно богатство, историско наследство и традиционалните обележја на Малешевијата преку поставките на музејските експонати од музејот на град Берово

- фотографии од  познати малешевски  дејци и војводи, народни носии карактеристични за Малешевијата, и други познати обележја за  нашиот крај. Берово ја претстави и својата гастрономска понуда-автентичните малешевски производи(сирење, кашкавал, мед, природни овошни сокови,ракија). Беровскиот штанд  привлече големо внимание кај посетителите на третот меѓународен саем за туризам, кои имаа можност  најдиректно на едно место да ја видат и да се запознаат со малешевската култура, традиции и обичаи. Речиси сите домашни и странски посетители пројавија интерес за туристичките можности  и потенцијали на Малешевијата, за кој овој источен предел на Македонија досега ретко посетуван ќе биде барана туристичка дестинација.

picture 037
picture 037
picture 039
picture 056
picture 061
picture 068
picture 075
picture 081
picture 083
picture 085
picture 089
picture 099
picture 100
  Градоначалникот на општина Берово Драги Наџински во врска со саемот изјави дека Берово со учеството на една таква манифестација, збогатена со туристички атракции од повеќе земји и градови од Р. Македонија, има можност да ја претстави  целокупната своја туристичка понуда во земјите во регионот и пошироко во светот. Истовремено ова е и извонредна можност на туристичките агенции и тур-оператори од соседните земји, но и пошироко  подобро да го запознаат малешевскиот крај. Сѐ што е во интерес за развојот на туризмот ние како локална самоуправа и јас лично  како градоначалник ќе го подржуваме. Независно во каква форма ќе биде организирана саемска манифестација, јас  се залагам за промоција на алтернативниот малешевски туризам на кому му требаат собири од ваков вид , на кои ќе може да го прикаже својот туристички потенцијал, но и да видиме што нудат другите-истакна градоначалникот Наџински.

Оценката на организаторите на саемот, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, во соработка со Туристичките комори на Македонија и Хотелските асоцијации, е дека собирот покрај презентацијата на македонската туристичка понуда ќе биде добра можност за непосредни средби меѓу домашни и туристички агенции од странство. Интенција на организаторите е таквите средби да резултираат со ставање на македонските туристички дестинации на понудата на странските тур-оператори.

Во рамки на Саемот се организира и посебен Форум за туризам на тема. Македонскиот туристички производ во Светската туристичка понуда“.

- На форумот преку интернактивна дискусија непосредно ќе разговараме со странските туристички агенции и тур-оператори за тоа што е она што Македонија треба да го направи во насока на креирање на македонскиот туристички производ, но и од апсект на привлекување што поголем број странски туристи, изјави директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Зоран Стрезоски.  Саемската манифестација е дел од пошироката кампања и стратегија на Владата за ставање на туризмот на едно високо, приоритетно место во делот на економијата.

На третиот Меѓународен саем за туризам  учествуваат претставници на 25 туристички агенции и тур-оператори од Израел, Бугарија, Турција, Србија, Албанија, Косово, Италија, Унгарија и Црна Гора за кои Македонија е интересна туристичка дестинација и која со својата богата туристичка понуда најавува добра туристичка иднина.

Прашајте го Градоначалникот


Инфо Берово Pdf

vesnik