Насловна Актуелно Вести Данок на недвижен имот(објекти)

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Драги Наџински ...

Данок на недвижен имот(објекти)

Во текот на 2010 година сите населени места треба да пополнат даночни пријави за недвижен имот на објекти

Граѓаните од селските населби на општина Берово- Русиново, Ратево, Митрашинци, Владимирово, Будинарци, Мачево и  Двориште  треба во текот на 2010 година да го пријават својот недвижен градежен имот за да се утврди вредноста за плаќање данок на имот сѐ  со цел приближување до европските регулативи и барања сите населби да ја подмируваат обврската-плаќање  данок на имот. Досега ваков данок плаќаше само Берово и с. Смојмирово.

Согласно новите законски измени на Законот за даноци на имот, секое населено место треба да плаќа  данок на имот. Со самото тоа од општинскиот Буџет ќе може да се одделуваат  повеќе пари  за канализациони, водоснабдителни, инфраструктурни и други зафати. Согласно Законот за даноци на имот, член 29, во текот на 2010 година треба  сите даночни обврзници од горенаведените населени места на општина Берово да извршат пополнување на Даночна пријава на недвижен имот, заради утврдување и правилна проценка на данокот на имот. Даночна пријава согласно Законот, треба да пополни секое физичко и правно лице, кое е сопственик, корисник или плодоуживател на следниот недвижен имот:

  1. Станбена зграда(куќа) или стан во кој живее обврзникот
  2. Станбена зграда„куќа) во која не живее обврзникот
  3. Деловни простории
  4. Административни згради
  5. Гаражи
  6. Зграда за одмор и рекреација
  7. Стан за одмор и рекреација
  8. Други градежни објекти кои имаат вредност

Даночна пријава за утврдување на данок на имот поднесува даночен обврзник (правно и физичко лице) за:

а) Имотот што го стекнал или почнал да го користи, а за кој нема поднесено даночна пријава (нов даночен обврзник, дополнително стекнат имот кој подлежи на оданочување и сл.);

б) Имотот кај кој настанале промени во сопственоста (оттуѓување и сл.);

в) Имотот кај кој настанале промени во вредноста (доградба, надградба, довршување, проширување и сл.);

г) Сите даночни обврзници (правни и физички лица) кои поседуваат имот што се оданочува, а кои во периодот од 1994 до 2009 година не поднесле даночни пријави за утврдување на данок на имот.

Даночната пријава се поднесува до Општина Берово - Локална самоуправа - Сектор за финансирање и буџет - Одделение за администрирање на приходи секој работен ден. Доколку граѓаните сами не пристапат кон пополнување на даночни пријави комисии формирани од општината ќе излезат на лице-место и ќе извршат запишување на неподвижниот градежен имот.

Висината на данокот на имот се утврдува кога на утврдената пазарна вредност на недвижниот имот ќе се пресмета стапка од 0,10 %.

Ако е имотот во сопственост на повеќе лица, секое од нив е обврзано да плаќа данок на имот сразмерно на сопственичкиот дел.

Пазарната вредност  ја утврдува комисија формирана од  Општината според Методологијата за утврдување на пазарната вредност која ја пропишува Владата на РМ („ Службен весник на РМ “ бр.50 од 2005 година).

Обврзникот кој нема да дозволи да се пополни даночна пријава за поседување на имот од горенаведениот имот ќе биде казнет со парична казна од 150.000 до 300.000 за правни лица и 5.000 до 10.000 ден. за физички лица за сторени прекршоци, согласно Законот за персонален данок на доход и Законот за данок на имот

Доколку некој од обврзникот не е задоволен од проценетата вредност на имотот, а која ја утврдил органот со решение, има право на жалба во рок од 15 дена од денот на примањето на решението.

Жалбата не го одложува извршувањето на решението. Жалбата се доставува преку општинската администрација до Министерството за финансии, кое одлучува во второстепена постапка.

Даночните обврзници што се незадоволни од втoростепеното решение имаат право да поведат управен спор пред Врховниот суд на Република Македонија.

Нашите пари да ги употребиме за наши добра.

 

Прашајте го Градоначалникот


Инфо Берово Pdf

vesnik