Десета седница на Советот на општина Берово
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локална самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) член 44 став 2 од Статутот на Општина Берово („Сл.гласник на Општина Берово“ бр.13/02 и 18/07) и член 57 став 1 алинеа 1 од Деловникот за работа на Советот на Општина Берово („Службен гласник на Општина Берово“бр.18/07), Претседателот на Советот на Општина Берово донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Ја свикувам X-та седница на Советот на Општина Берово на ден 05.02.2010 година (петок), со почеток во 9.30 часот со следниот
Д н е в е н р е д
- Усвојување на Записник од IX-та седница на Советот на Општина Берово;
- Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Берово за 2010 година;
- Предлог-Решение за разрешување и именување на член на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот и патиштата за Општина Берово;
- Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Берово за 2010 година;
- Предлог-Одлука за отпочнување на постапка за прифаќање на иницијатива за изработка на локална планска документација на Општина Берово;
- Предлог-Одлука за отпочнување на постапка за прифаќање на иницијативата за изработка на локална планска документација за КП бр.8500 во КО Берово на место викано „Кукута“;
- Предлог-Одлука за отпочнување на постапка за прифаќање на иницијатива за изработка на локална планска документација за КП бр.2311 во КО Ратево на место викано „Дупките“;
- Предлог-Одлука за отпочнување на постапка за прифаќање на иницијатива за изработка на локална планска документација вон плански опфат за КП бр.5377 при КО Ратево;
- Предлог-Одлука за отпочнување на постапка за прифаќање на иницијатива за изработка на локална планска документација за изградба на деловен комплекс на КП бр.561/2 КО Берово;
- Предлог-Одлука за отпочнување на постапка за прифаќање на иницијатива за изработка на локална планска документација за изградба на комплекс од објекти за преработка на техничко дрво и финално производство на КП бр.295 КО Ратево;
- Предлог-Одлука за отпочнување на постапка за прифаќање на иницијатива за изработка на локална планска документација за изградба на сместувачки капацитети на КП бр.8688 во КО Берово на место викано „Абланица“;
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Берово за четврт квартал од 2009 година;
- Предлог-Одлука за определување на средства за одржување на јавна чистота на подрачјето на Општина Берово;
- Предлог-Одлука за усвојување на ревидиран бизнис план за урбан, водоснабдителен и санитарен систем-Берово;
- Информација за резултатите и придобивките од проектот „Меѓуопштински развоен центар“
- Советнички иницијативи и прашања;
- Барања од институции и граѓани;
Бр.07-196/1 Совет на Општина Берово
28.01.2010 год. Претседател,
Б е р о в о Јован Матеничарски



