Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

ПРОФИЛ НА ОПШТИНА БЕРОВО

Географска локација и релјеф

Беровската котлина го опфаќа најисточниот дел од Република Македонија, помеѓу 41° 06” и 41° 53” географска ширина и помеѓу 23° 12” и 22° 37” географска должина. Општината Берово на југ се граничи со општините Ново Село, Босилово и Василево, на запад со општините Радовиш и Виница, на север со Делчево и со Пехчево, на исток со државната граница на Бугарија.

Вкупната површина на општина Берово изнесува 595 км2, а се наоѓа на 800 м просечна надморска висина.

Релјефот е претежно ридско-планински, а рамнински терени има само околу речното корито на реката Брегалница.


Клима

Општина Берово, која е дел од Малешевската Котлина, има умерено-континентална клима со модификација на климата во високите планински и рамничарски делови. Берово е град со највисока концетрација на кислород на балканот. Средната годишна температура во општината е 11,1 °С

 

Флора и фауна

Најзастапени се дабовата и буковата шума. Буковиот појас е застапен во планинскиот и во потпланинскиот појас. Подобро се зачувани горските букови шуми, тие се од големо значење за шумското стопанисување.

Од вкупната површина под шуми, 72,0% се во државна сопственост, а 28,0% се шуми во приватна сопственост. Вкупниот годишен сечив етат изнесува 60.300 м3 бруто дрвна маса, или околу 48,0% од годишниот прираст, или 0,85% од вкупната дрвна маса на уредените шуми.

Хидрографија

Најважен хидрографски објект во Малешевијата е реката Брегалница која е, исто така, една од најголемите притоки на реката Вардар.

Хидрографски објект од значење за општината е и Беровското Езеро. Тоа е вештачко езеро, со бетонска брана висока 53 метри и претставува хидрографски туристички објект. Се наоѓа на 986 метри надморска височина. Изградено е во 1970 година, на Ратевска Река, на  месноста наречена Лаки, а оддалечено е 7 км од Берово. Должината му е 2,5 км, а средната широчина 0,5 км. Површината на езерото изнесува 0,57 км2.

Минерали и руди

За развојните можности на општината особено значајни се минералните суровини и рудите, за кои во минатото се спроведени истражувања и е констатирано дека нивната експлоатација е економски оправдана. Такви се случаите со каолинските глини, погодни за производство на керамички и огноотпорни производи, кварцот, кој наполно одговара за подготвување на огноотпорен материјал, јагленот, железото и други рудни појави, кои се делумно активни, а поголемиот дел се сé уште само потенцијално атрактивни ресурси за натамошно истражување и активирање.

Во реонот на с. Мачево и на с. Будинарци постои SiO2 (горски кристал) кој во светот се користи како украсен камен во јувелирството.

Население и миграции

Според пописот на населението во 2002 година, Општина Берово има 13.941 жители. Структурата на населението по пол за општина Берово е 50,4% мажи и 49,6% жени. Општината Берово има вкупно 4.706 домаќинства, со просечен број од 3,1 членови по домаќинство.

Според националната припадност, Македонците се доминантни, со 96%, 3% се Роми, а 1% останати.

Економија

Според бројот на компаниите, доминантна дејност е трговијата (со учество од 40%), потоа сообраќајот, складирањето и врските (со 13%) и преработувачката индустрија (со 12,3%), другите комунални, културни, општи и лични услужни активности (11%), хотелите и рестораните (со 7,2%), земјоделството, ловот и шумарството (со 7,1%) и останато (со помалку од 10%). Најзастапени сектори во економијата се текстилната и дрвната индустрија, како и земјоделството и сточарството, во кои е детектиран голем неискористен потенцијал. Од услужните дејности голем подем се забележува во туристичкиот сектор, кој со темпото на развој и инвестиции, во догледна иднина може да стане главна економска гранка.

Инфраструктура

Општината Берово е поврзана со два регионални патни правци кон внатрешноста на Република Македонија со:

  • Р-527-Кочани-Виница-Берово-Клепало (граничен премин);
  • Р-523 -Делчево-Пехчево-Берово-Струмица;
  • Р-524 - Берово-Клепало (граница Р. Бугарија);
  • регионалниот патен правец Р-603 - Берово-Подареш-Радовиш е во фаза на проектирање.

Сите селски населби од општината се поврзани со градот Берово, со асфалтирани локални патишта. Локалните патишта имаат вкупна должина од 36 км и 109,94 ха, од кои 14% се неасфалтирани земјени патишта. Најблиската железничка станица е на 50 км од Берово и се наоѓа во Кочани. Берово има скоро централна поставеност во однос на околните аеродроми: 170 км од Скопје, 162 км од Солун и 165 км од Софија. Најблиското пристаниште е во Солун.

Образование

Образовната структура на населението е следна:

ü  20% од  населението има неоформено основно образование (тоа се претежно возрасни луѓе над 65 години и луѓе кои се здобиле со дополнителни стручни вештини);

ü  33% од населението има основно образование;

ü  најголем дел, 36% од населението, има средно образование;

ü  4% од населението има виша подготовка;

ü  6% има високо образование.

 

 

Даме Груев

ПДФПечатиЕ-маил

30
Септември
2009

ДАМЕ ГРУЕВ

Роден е на 17 декември во 1871 г. во с. Смилево, Битолско. Своето образование го стекнал во Смилево, Битола и Солун а потоа во Белград и Софија. Бил учител во Смилево (1891/92), во Прилеп (1892/93), коректор на печатницата на Самарџиев во Солун (1893), учител во Штип (1894/95, училишен инспектор во Солун и пак учител во Битола.

LAST_UPDATED2

Прочитај повеќе: Даме Груев

 

Никола Петров-Русински

ПДФПечатиЕ-маил

30
Септември
2009

НИКОЛА ПЕТРОВ-РУСИНСКИ

Роден е на 21 ноември 1875 година во с. Русиново, Беровско. Во јуни 1895 год. се вклучил во редовите на Врховниот македонски комитет и учествува во Мелничкото востание. Истата година во Софија се запознава со Гоце Делчев и се вклучува во редовите на Внатрешната организација. Станува четник и заменик во четата на Гоце Делчев и учествува во неговите обиколки низ Македонија. Како истакнат организатор и војвода на чета, најмногу работел во Западна Македонија – Мариовско, а потоа во Охридско струшкиот крај. Учествувал како делегат од Мариовскиот реон на Смилевскиот конгрес, а како војвода со чета, за време на Илинденското востание дејствувал во Мариовско.

LAST_UPDATED2

Прочитај повеќе: Никола Петров-Русински

 

Димитар Поп Георгиев-Беровски

ПДФПечатиЕ-маил

30
Септември
2009

ДИМИТАР ПОП ГЕОРГИЕВ-БЕРОВСКИ

Роден е во Берово во 1840 година. Основно образование завршил во Берово, а потоа учел во Одеската духовна семинарија (1858-1860). Потоа во Белград се запишува на военото училиште. Во 1865 год. се враќа во Берово и работи како учител. Таму зел активно учество во црковните борби против грчките фанариоти, со што се стекнал со голема популарност кај народот од Малешевијата. Наклеветен од грчките владици пребегнал во Цариград а потоа живее како нелегален во Солун.

LAST_UPDATED2

Прочитај повеќе: Димитар Поп Георгиев-Беровски

   

Иљо Марков Малешевски-Дедо Иљо

ПДФПечатиЕ-маил

30
Септември
2009

ИЉО МАРКОВ МАЛЕШЕВСКИ-ДЕДО ИЉО

Познат е и како Иљо Марков Мустрекински, Иљо Војвода. Роден е на 28 мај 1805 година во Берово. Ајдутски водач и четнички војвода кој десетина години се движел со чета во Малешевијата, Пирин и Рила. Во 1862 год. зел учество во борбите против турскиот гарнизон во Белград, со еден доброволечки одред од Македонци.

LAST_UPDATED2

Прочитај повеќе: Иљо Марков Малешевски-Дедо Иљо

 

Историја на регионот

ПДФПечатиЕ-маил

30
Септември
2009

Историја на Регионот

Регионот Малеш бил заселен уште од праисториски времиња, за кое што сведочат и остатоците од населби и могилите. Големиот број регистрирани археолошки локалитети речиси не се изтражувани така да не може со сигурност да се каже од кое време се. Со теренско изтражување се соберени наоди, кои што даваат можност за относителна хронологија. Според народното предание името Малешево е од илирско потекло и доаѓа од зборовите mal – планина и malesi – планинска месност. Некои од научниците сметаат дека топонимите Малеш, Малешево, т. е. Малесево доаѓаат од старословенските зборови - мал лес, што значи мала шума, мала планина.

LAST_UPDATED2

Прочитај повеќе: Историја на регионот

   

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии