Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

ОБРАЗОВАНИЕ

Детска градинка "23 Август"

Општинската Јавна Установа за деца (ОЈУДГ)- Детска градинка „23 Август“-Берово е лоцирана  близу до центарот на Берово, на безбедно место каде нема директен контакт со улици каде се одвива сообраќајот. Условите во кои се воспитани и чувани децата се повеќе од задоволнителни. Ентериерот е добро уреден, хигиената се одржува на високо ниво, храната е добро избалансирана за здрав развој на нашите најмили. Вкупниот број на вработени изнесува 51 лица, но вклучувајки ги и градинките од селата Русиново, Будинарци, и Митрашинци.
Децата се поделени во 3 групи, имено јасли, целодневен престој, и полудневен престој
        АПРИЛИЛИ

По повод на „Денот на Шегата“ на ден 1ви април , Детската Градинка „23 Август„-Берово организира маскенбал и дефиле за децата од градинките во Берово, с.Русиново, с.Будинарци, и с.Митрашинци.
Дечињата облечени во најразновидни маски
, дефилираат по улиците полни со родители, роднини, пријатели и други љубопитни шетачи. Маршутата стартува од Градинката во Берово, со заобиколување на целиот град, преку центарот се до старата гимназија и со враќање назад.
Потоа
се организира избор на најубави и најоригинални маски, во просторите на Детската Градинка.


ДСУ „Ацо Русковски“ - Беровo

 

 

Историја на училиштето Средното образование во Берово е воведено од учебната 1953/54 година со решение на Советот за просвета на НРМ од 10.09.1953 кога е верифицирана полна гимназија 

Во 1956 година гимназијата се трансформира-преминува во средно економско училиште. 1960/61 се враќа гимназискто образование но продолжува да постои и економското училиште.

Наредната година економското училиште се припојува кон гимназијата а постојат две паралелки од просветна струка. Од таа година училиштето го добива името Ацо Русковски.

Од учебната 1963/64 средното училиште функционира како чиста гимназија (без економски и педагошки паралелки), се до 1978 година кога се трансформира во ЦСО. Во ЦСО покрај гимназиско има и стручно образование: текстилно-кожарска струка, електро, дрвопреработувачка, струка за неметали и др. Од 1980 до 1990 година училиштетот работи според концептот за средно насочено образование, а стручното си постои вон тој концепт. Во учебната 1991/92 се напушта концептот зa насочено образование и се враќа гимназиското образование. Од 2001/02 гимназиското образование се реализира според новите планови и програми.

До учебната 1997/98 година училиштето работеше во стар објект кој се наоѓаше на ул. „Маршал Тито“ б.б. Од учебната 1998/99 година училиштето е преселено во нов објект кој се наоѓа на ул. „Дамјан Груев“ б.б., во кој просторните услови се според педагошките стандарди и нормативи за изведување на настава.

           Училиштето денес

Во 2006/07 година училиштето е општинско средно училиште во кое се реализираат планови и програми за гимназиско и стручно образование текстилно-кожарска струка.

На почетокот на годината вкупно се запишани 807 ученици распоредени во 27 паралелки од кои 646 ученици во гимназиските паралелки, а 161 ученик во паралелките од текстилно-кожарската струка. Теоретската настава и наставата по општо-образовните предмети се изведува во кабинети опремени со потребните наставни и наглени средства што ги изискува современата и модерна настава. Меѓудругото располагаме со над 30 компјутери и друга ИКТ техника и 24 часовна интернет врска со која учениците имаат можности да дојдат до потребните информации и податоци потребни за наставата.

Практичната настава за учениците од текстилно-кожарската струка се изведува во работилница опремена со најсовремени машини за текстилно производство, донирана од ЕАР и ВЕТ.

Низ разните видови на настава учениците се здобиваат со потребните знаења, вештини и практично оспособуваат за продолжување на образованието на високошколските образовни институции, за вклучување нa берзата на трудот или за отпочнување на сопствен бизнис.

Училиштето е вклучено во повеќе проекти и програми благодарение на кои наставата се осовременува и модернизира и се следат современите трендови. Досега се реализирани проектите: Е-школо, Екстракурикуларни активности за ученици од етнички мешани училишта и спречување на трговија со луѓе. Во фаза на реализација се: СЕА проектот (вклучени преку текстилно-кожарската струка), проектот за модернизација на образованието, ФАРЕ програмата, програмата за локално управување со училишта и програмата GLOBE

ОУ „Дедо Иљо Малешевски“

 

Првата организирана форма на писменост и образование е тесно врзана со изградбата на првата црква во Берово, во 1818 година, која подоцна прераснува во женски манастир,,Свети Архангел-Михаил,,.Веднаш по изградбата на манастирската црква, почнуваат и подготовките за отварање на првото училиште, што отпочнало со работа во 1820 година. Изградбата на црквата и отворањето на првото училиште е поврзана со личноста на нашиот преродбеник Јоаким Крчовски. Во почетокот, училиштето работи како црковно, а со текот на времето, со разни преобразби, минува низ различни форми на граѓанско училиште. Така, после сите историски настани и збиднувања на овој дел од балканот и светот, на 27.11.1044 година започнува настава на македонски јазик.
Инаку, училиштето ,,Дедо Иљо Малешевски,, работи од 1953 година и тоа како четиригодишно училиште, а од 1956 поминува во основно осумгодишно училиште. Во текот на своето долгогодишно работење, низ  клупи
те на ова училиште поминале голем број генерации, кои денес се видни и чесни граѓани во општина Берово и во нашата држава.

Наставата во училиштето се изведува на македонски јазик. Во училиштето во учебната 2006/07се запишани вкупно 1058 ученици и тоа: во 4 ПУ подготвителна година се 24, во одделенска од I-IV 476 ученици во 31 паралелка и од V-VIII има 558 ученици во 31 паралелка. Самото училиште се наоѓа во центарот на Берово.

Основното училиште “Дедо Иљо Малешевски“ , денес опфаќа 7 подрачни училишта и тоа: основните училишта во селата Русиново, Будинарци, Митрашинци и Двориште со сите     одделенија, и основните училишта во селата Смојмирово, Владимирово, Ратево и Мачево со четиригодишните одделенија.

 

ООУ “Никола Петров Русински “ - Русиново Самоевалуација 2018

ПДФПечатиЕ-маил

Напишано од Administrator

11
Септември
2018

ООУ “Никола Петров Русински “ - Русиново

Самоевалуација 2018

 

LAST_UPDATED2

Прочитај повеќе: ООУ “Никола Петров Русински “ - Русиново Самоевалуација 2018

 

ОУ „Дедо Иљо Малешевски“

ПДФПечатиЕ-маил

18
Март
2010

Првата организирана форма на писменост и образование е тесно врзана со изградбата на првата црква во Берово, во 1818 година, која подоцна прераснува во женски манастир,,Свети Архангел-Михаил,,.Веднаш по изградбата на манастирската црква, почнуваат и подготовките за отварање на првото училиште, што отпочнало со работа во 1820 година.

LAST_UPDATED2

Прочитај повеќе: ОУ „Дедо Иљо Малешевски“

 

ОУ „Никола Петров - Русински“

ПДФПечатиЕ-маил

18
Март
2010

Училиштето  ,,Никола Петров - Русински” е лоцирано е во центарот на с. Русиново. Го посетуваат ученици исклучиво од с. Русиново.

Според некои податоци, се наведува дека училиштето постоело  и работело уште во втората половина на минатиот и првата половина на овој век. По ослободувањето, како четиригодишо училиштето започало да работи во месец ноември 1944 година. Во првата година биле запишани 302 ученика.

LAST_UPDATED2

Прочитај повеќе: ОУ „Никола Петров - Русински“

   

OСУ „Ацо Русковски“ - Берово

ПДФПечатиЕ-маил

30
Септември
2009

OСУ „Ацо Русковски“ - Берово

Историја на училиштето Средното образование во Берово е воведено од учебната 1953/54 година со решение на Советот за просвета на НРМ од 10.09.1953 кога е верифицирана полна гимназија

Во 1956 година гимназијата се трансформира-преминува во средно економско училиште. 1960/61 се враќа гимназискто образование но продолжува да постои и економското училиште.

Наредната година економското училиште се припојува кон гимназијата а постојат две паралелки од просветна струка. Од таа година училиштето го добива името Ацо Русковски.

Од учебната 1963/64 средното училиште функционира како чиста гимназија (без економски и педагошки паралелки), се до 1978 година кога се трансформира во ЦСО. Во ЦСО покрај гимназиско има и стручно образование: текстилно-кожарска струка, електро, дрвопреработувачка, струка за неметали и др. Од 1980 до 1990 година училиштетот работи според концептот за средно насочено образование, а стручното си постои вон тој концепт. Во учебната 1991/92 се напушта концептот зa насочено образование и се враќа гимназиското образование. Од 2001/02 гимназиското образование се реализира според новите планови и програми.

До учебната 1997/98 година училиштето работеше во стар објект кој се наоѓаше на ул. „Маршал Тито“ б.б. Од учебната 1998/99 година училиштето е преселено во нов објект кој се наоѓа на ул. „Дамјан Груев“ б.б., во кој просторните услови се според педагошките стандарди и нормативи за изведување на настава.

Училиштето денес

Во 2006/07 година училиштето е општинско средно училиште во кое се реализираат планови и програми за гимназиско и стручно образование текстилно-кожарска струка.

На почетокот на годината вкупно се запишани 807 ученици распоредени во 27 паралелки од кои 646 ученици во гимназиските паралелки, а 161 ученик во паралелките од текстилно-кожарската струка. Теоретската настава и наставата по општо-образовните предмети се изведува во кабинети опремени со потребните наставни и наглени средства што ги изискува современата и модерна настава. Меѓудругото располагаме со над 30 компјутери и друга ИКТ техника и 24 часовна интернет врска со која учениците имаат можности да дојдат до потребните информации и податоци потребни за наставата.

Практичната настава за учениците од текстилно-кожарската струка се изведува во работилница опремена со најсовремени машини за текстилно производство, донирана од ЕАР и ВЕТ.

Низ разните видови на настава учениците се здобиваат со потребните знаења, вештини и практично оспособуваат за продолжување на образованието на високошколските образовни институции, за вклучување нa берзата на трудот или за отпочнување на сопствен бизнис.

Училиштето е вклучено во повеќе проекти и програми благодарение на кои наставата се осовременува и модернизира и се следат современите трендови. Досега се реализирани проектите: Е-школо, Екстракурикуларни активности за ученици од етнички мешани училишта и спречување на трговија со луѓе. Во фаза на реализација се: СЕА проектот (вклучени преку текстилно-кожарската струка), проектот за модернизација на образованието, ФАРЕ програмата, програмата за локално управување со училишта и програмата GLOBE.

 

LAST_UPDATED2
 

Детска градинка "23 Август

ПДФПечатиЕ-маил

30
Септември
2009

Детска градинка "23 Август

Општинската Јавна Установа за деца (ОЈУДГ)- Детска градинка „23 Август“-Берово е лоцирана  близу до центарот на Берово, на безбедно место каде нема директен контакт со улици каде се одвива сообраќајот. Условите во кои се воспитани и чувани децата се повеќе од задоволнителни. Ентериерот е добро уреден, хигиената се одржува на високо ниво, храната е добро избалансирана за здрав развој на нашите најмили. Вкупниот број на вработени изнесува 51 лица, но вклучувајки ги и градинките од селата Русиново, Будинарци, и Митрашинци.
Децата се поделени во 3 групи, имено јасли, целодневен престој, и полудневен престој
АПРИЛИЛИ

По повод на „Денот на Шегата“ на ден 1ви април , Детската Градинка „23 Август„-Берово организира маскенбал и дефиле за децата од градинките во Берово, с.Русиново, с.Будинарци, и с.Митрашинци.
Дечињата облечени во најразновидни маски , дефилираат по улиците полни со родители, роднини, пријатели и други љубопитни шетачи. Маршутата стартува од Градинката во Берово, со заобиколување на целиот град, преку центарот се до старата гимназија и со враќање назад.
Потоа се организира избор на најубави и најоригинални маски, во просторите на Детската Градинка.

LAST_UPDATED2
   

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии