Насловна Актуелно Вести Одбележана 70 годишнината од формирањето на 50тата НО дивизија

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Одбележана 70 годишнината од формирањето на 50тата НО дивизија

По повод 70 години од формирањето на 50-тата Народноослободителна  дивизија на Македонската Војска на НОВ и ПОМ и 14-тата младинска ударна бригада Димитар Влахов, Организацијата на резервни офицери Берово - Пехчево и ОО на Сојузот на борците и Граѓаните - продолжувачи Берово-Пехчево, организираа прослава на споменикот на 50тата НО дивизија во близина на Митрашинци.

 

Пред започнувањето на официјалниот дел од прославата, со едноминутно молчење беше оддадена почит на досегашниот претседател на Сојузот на борци за Берово и Пехчево Владо Пехчевски, како и на сите загинати борци и револуционери за создавање на независна и суверена Република Македонија.

Делегации кои положија свежо цвеќе на споменикот беа делегација предводена од градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински, делегација предводена од градоначалникот на Општина Пехчево Игор Поповски, делегација од Републичкиот сојуз на борци на РМ, делегација од Организацијата на резервни офицери, делегација од Гарнизонот на АРМ од Штип, делегација од Сојузот на борци од Штип, делегација од Сојузот на борци од Радовиш, делегација од Сојузот на борци од Берово, делегација од Организацијата на Резервни офицери од Делчево, делегација од ОК на ВМРО-ДПМНЕ и СПМ - Берово, делегација од ОО на СДСМ Берово, делегација од Советот на општина Берово и делегација од Здружението на пензионери од Берово.

За формирањето на дивизијата и нејзиното делување, пред присутните се обратија потпреседателката на главниот одбор на Сојузот на борци на РМ Верка Бунтевска, Раде Гогов – Црноречки, учесник во НОВ, проф.Ѓорѓи Малковски од организацијата на резервни офицери и претставник од Сојузот на Борци од Штип.

 

Во чест на јубилејот, учениците од подрачното училиште од Митрашинци изведоа неколку рецитали кои се однесуваа на татковината, додека хорот и оркестарот при Здружението на пензионери од Берово изведоа дел од својот репертоар.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии