Насловна Актуелно Вести Градоначалникот Наџински најави реализација на голем број на инфраструктурни проекти во општина Берово во 2016 година

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Градоначалникот Наџински најави реализација на голем број на инфраструктурни проекти во општина Берово во 2016 година

И покрај кочниците кои ги прави мнозинството на Советот на општина Берово кое го има советничката група на СДСМ, градоначалникот Наџински изјави дека стратешките цели кои ги има зацртано во своето работење ќе ги реализира и нема да отстапи во своите уверувања за можноста од реализација на инфраструктурни проекти.

 

“Една од стратешките цели кои ме мотивираат во моето работење е подобрувањето на условите на патната инфраструктура во општината, и слободно можам да кажам дека само оние кои ги затвараат очите пред реализираните инфраструктурни проекти ќе кажат дека не постои разлика и подобрена инфраструктура во последните неколку години споредбено со периодот пред 2009 година, кога на чело на општината беа градоначалници од СДСМ.“

2015 година е успешна година на инфраструктурно поле, а со ваков тренд на реализација се продолжува и во 2016 година кога ќе се продолжи со започнатите проекти и ќе се започнат низа значајни инфраструктурни објекти.

“Нема да дозволам параванот од кочници и своеволноста на советничката група на СДСМ кои се мнозинство во Советот на општина Берово да ги држи во заложништво граѓаните на општина Берово и да бидат закочени проектите кои се предвидени преку Програмата за улици и патишта за 2016 година. Со сите сили и овластувањата кои ги имам, јас ќе бидам дел од трасираниот пат на политиката која ја води ВМРО-ДПМНЕ за подобрување на условите за живеење на сите граѓани од општината. “

Во 2016 година ќе за продолжи со реализација на започнатите проекти од крајот на 2015 година како што се “Изградба на кружна раскрсница на влезот во Берово“ и “Изградба на ул.20“ во населбата Ширината во Берово. Ќе се започне и со реализација на проектите за кои се завршени постапките за изградба на ул.Маршал Тито во Берово од ЈПКР “Услуга“ до раскрсницата со ул.Моша Пијаде, ул.Даме Груев во Русиново и една улица во Смојмирово, додека ќе биде реализиран и проектот за изградба на втората фаза од локалниот пат Берово - Абланица.

Во програмата за улици и патишта се предвидени и улиците “Илинденска“, “Балканска“, “Јане Сандански“, “Даме Груев“ и “Паруца“ во Берово, како и повеќе улици во селските населби во општината.

“Праксата која ја воведов во работењето на општиската администрација во изминатите неколку години ќе продолжи и оваа година, со што ќе аплицираме на сите повици за реализација на проекти и ќе се бориме за влез на повеќе донаторски средства за инфраструктурни проекти во општина Берово.“

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии