Градоначалникот оствари средба со жителите на Митрашинци и Будинарци
Насловна Актуелно Вести Градоначалникот оствари средба со жителите на Митрашинци и Будинарци

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Градоначалникот оствари средба со жителите на Митрашинци и Будинарци

Креирањето на Буџетот на Општина Берово за 2018 година продолжи со директните средби на градоначалникот Пекевски со жителите на Митрашинци и Будинарци.

И на овие две средби покрај градоначалникот беа присутни и претседателот на Советот Јован Матеничарски и раководителите на Одделенијата за урбанизам Мишо Догазански и Комунални дејности Ванчо Димовски кои пред граѓаните изнесоа дел од проектите кои се во тек и се однесуваат на самите населени места.

Градоначалникот Пекевски на средбата го изнесе буџетскиот процес и финансиските средства кои е планирано да се проектираат во Буџетот на општината за 2018 година и ги слушна мислењата на граѓаните за приоритетни проекти кои е можно да бидат вметнати во програмите за работа на општината за 2018 година.

 

-Давањето на конструктивното мислење на граѓаните е од огромно значење за работањето на општината и секако дека токму населението е најмногу запознаено со проблемите и приоритетите со кои самите тие се соочуваат, што за нас како општина претставува водилка во планирањето на проекти кои секако дека ќе бидат во интерес на самите граѓани – истакна градоначалникот Пекевски на средбите.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии