Жителите на Мачево и Смојмирово ги изнесоа своите приоритети за реализација на проекти
Насловна Актуелно Вести Жителите на Мачево и Смојмирово ги изнесоа своите приоритети за реализација на проекти

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Жителите на Мачево и Смојмирово ги изнесоа своите приоритети за реализација на проекти

Продолжувајќи по агендата за посета на населените места во општината, градоначалникот Звонко Пекевски во саботата оствари средби со жителите на Мачево и Смојмирово.

И на двете средби покрај градоначалникот присуствуваа и претседателот на советот Јован Матеничарски и раководителот на одделението за урбанизам Мишо Догазански како дел од тимот кој имаше за цел да ги скенира проблемите со кои се соочува населението и можноста за вклопување на истите како проекти кои ќе се реализираат во 2018 година.

Градоначалникот на средбите ги изнесе проектираните средства кои се предвидени во Буџетот за 2018 година и подетално ги објасни поединечните ставки, со што ги запозна граѓаните со Буџетскиот процес во кој големо значење ќе имаат и овие средби преку кои граѓаните ќе бидат директно вклучени со свои предлози.

 

Во претходната недела градоначалникот оствари средба со жителите од сите селски населби каде беа добиени голем број на предлози и конкретни проекти, и останува да се реализира уште средбата со жителите на Берово која е закажана за вторник (05.12.2017 година), со почеток во 19 часот и истата ќе се одржи во големата сала во општинската зграда.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии