Дечињата од детската градинка во Берово беа гости на градоначалникот
Насловна Актуелно Вести Дечињата од детската градинка во Берово беа гости на градоначалникот

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

Дечињата од детската градинка во Берово беа гости на градоначалникот

Најмалите жители од нашата општина, дечињата од детската градинка “23ти Август“ од Берово, во пресрет на Новата 2018 година беа во посета на локалната самоуправа.

При посетата, беа примени од страна на градоначалникот на општина Берово Звонко Пекевски, на кој му посакаа успешност во работењето во наредната година и му подарија пригодни подароци, честитки и новогодишни украси изработени од самите нив.

Преку нивните песнички, новогодишни приказни и рецитали ги искажуваа желбите и потребите на дечињата, кои со целото срце се внесуваат во пречекувањето на Новата година и доаѓањето на новогодишните празници, а се разбира највеќе од се се радуваат на Дедо Мраз.

Градоначалникот Пекевски во оваа пригода го искажа задоволството од посетата и на сите дечиња им подари сликовници и им посака успешна 2018 година и среќа и радост во нивниот детски живот.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии