Усвоен Буџетот на Општина Берово за 2018 година
Насловна Актуелно Вести Усвоен Буџетот на Општина Берово за 2018 година

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

Усвоен Буџетот на Општина Берово за 2018 година

Советот на Општина Берово на четвртата седница која се одржа на 27.12.2017 година го донесе Буџетот на општината за 2018 година и истиот е во висина од 259.061.000 денари.

Од вкупните средства, основниот буџет е 85.688.000 денари, буџетот на самофинансирачки активности е во висина од 12.798.000, буџетот на дотации е 126.827.220 денари, додека средствата опфатени во буџетот на донации се во висина од 33.747.780 денари.

Според Буџетската проекција, предвидените приходи во висина од 259.061.000 денари се во баланс со расходите кои се проектирани со истата сума и истите според посебните ставки се следните:


Приходи

Даночни приходи – 31.405.033,00

Неданочни приходи – 17.613.528,00

Капитални приходи – 6.155.000,00

Приходи од дотации – 126.827.220,00

Приходи од трансвери – 43.312.439,00

Приходи од донации – 33.747.780,00

Расходи

Плати и надоместоци – 123.300.925,00

Резерви и недефинирани расходи – 400.000,00

Стоки и услуги – 58.432.716,00

Каматни плаќања – 100.000,00

Субвенции и трансвери – 11.099.802,00

Капитални расходи – 63.389.557,00

Отплата на главница – 2.338.000,00

Според градоначалникот Пекевски Буџетот за 2018 година ќе соодветствува на потребите на граѓаните за соодветната буџетска година. Во согласност со законот и потребите, доколку се појави потреба ќе биде предложена измена во Буџетот за да можат да се покријат сите претходно создадени обврски.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии