Учениците од ООУ “Дедо Иљо Малешевски“ од Берово предновогодишно на прием кај градоначалникот
Насловна Актуелно Вести Учениците од ООУ “Дедо Иљо Малешевски“ од Берово предновогодишно на прием кај градоначалникот

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

Учениците од ООУ “Дедо Иљо Малешевски“ од Берово предновогодишно на прием кај градоначалникот

Со најискрени желби за новата 2018 година, градоначалникот на Општина Берово Звонко Пекевски ги прими на средба учениците од ООУ “Дедо Иљо Малешевски“ од Берово кои во името на училишната заедница му посакаа среќа и успех во секое поле од животот и успешна 2018 година во работењето како татко на општината.

Во предновогодишното расположение учениците на градоначалникот му подарија честитки изработени од нивните вешти раце и го искажаа своето задоволство од приемот кај градоначалникот што за нив претставуваше уште една потврда за вредноста и значењето кое децата го имаат во целокупниот живот на локално и глобално ниво.

Градоначалникот Пекевски на учениците им подари новогодишни честитки и им посака здравје, среќа, многу среќни моменти, радост и насмевки и успех во учењето во наредната 2018 година.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии