Известување за измените од Законот за изменување на законот за постапување со бесправно изградени објекти
Насловна Актуелно Вести Известување за измените од Законот за изменување на законот за постапување со бесправно изградени објекти

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

Известување за измените од Законот за изменување на законот за постапување со бесправно изградени објекти

Почитувани,

Ве информираме и ви ги доставуваме измените од Законот за изменување на законот за постапување со бесправно изградени објекти (,,Службен весник на Република Македонија бр.190/17).

1. Согласно чл.2 имателите на бесправни објекти утврдени во членот 2 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти ( Службен весник на Р.Македонија” бр.23/11, бр.54/11, бр.155/2012, бр.72/2013, бр.44/2014, бр.115/ 14, бр. 199/14, бр. 124/15, бр .129/15, бр.217/15,бр.31/16 година), на кои објекти заклучно со 3 март 2011 година се изведени градежните и инсталатерските работи во целост и истите претставуваат градежна и функционална целина, можат да поднесат барање за утврдување на правен статус на бесправен објект од 01.01.2018 до 31.12.2018 година.

2. Барателите на кои до денот на започнување на примена на овој закон односно до 01.01.2018 година им било одбиено барањето поради некомплетна документација пропишана во членовите 6,7 и 8 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти (Сл.весник на Р.Македонија број бр.23/11,бр.54/11бр.155/2012,бр.72/2013, бр.44/2014, бр.115/ 14, бр. 199/ 14, бр. 124/15,бр .129/15, бр.217/15, бр.31/16 година), можат да поднесат ново барање,во рок од шест месеци од денот на започнување на примената на овој закон.

3. Барателите кои немаат доставено геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправен објект во роковите од членот 15 став (2) и членот 17 од Законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправни објекти (Сл.весник на Р.Македонија бр.217/15),односно имателите на бесправни објекти и имателите на бесправни инфраструктурни објекти и бесправни линиски електронски комуникацииски мрежи и средства кои имаат поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправен објект до 31 март 2016 година,можат да достават геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправен објект најдоцна до 30 јуни 2018 година.

4. Барателите кои во рокот од ставовите (1),(2) и (3) на овој член,со барањето нема да ја достават потребната документација утврдена во членовите 6, 7 и 8 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти(,,Сл.Весник на , бр.54/2011,155/2012,72/2013,44/2014,115/ 14, 199/14, 124/15 и 129/15,217/15,31/16 година,), надлежниот орган ќе им го одбие барањето за утврдување на правен статус на бесправен објект.

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии