Насловна Актуелно Вести Извонредна изведба на комично кабаре на дуото 2 Mothers Brothers во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Извонредна изведба на комично кабаре на дуото 2 Mothers Brothers во Берово

 

Велат дека публиката секогаш е најдобриот критичар, а токму беровската публика беше критичарот во вчерашното комично кабаре на дуото 2 Mothers Brothers кое до солзи ја насмеа публиката во Бизнис инкубаторот во Берово.

 

Дуото во чиј состав се актерите Никола Тодороски (да, Никола, тој Никола од Македонските народни приказни), и Стрезо Стамаровски на еден саркастичен начин го претставија своето видување на многу познати ситуции почнувајќи од политички случувања, но задржувајќи се на добро познати секојдневни случувања од живеењето на обичниот македонски граѓанин.

Кабарето претставуваше жестока комедија во која беа исмевани сите кои се обидуваат да забранат слободно да се говоти и истото беше збогатено со авторски песни и пародија на познати песни во кои акцент беше дадено на своевремената забрана од пред извесно време за емитување на Македонска музика на територијата на Македонија, како и вметнување на името на Република Македонија и настапот на соседните држави и странскиот фактор во поглед на ова поле.

Самиот настан беше организиран од страна на Општина Берово и Домот на култура “Димитар Беровски“ од Берово.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии