Насловна Актуелно Вести Организирана првата регионална свечена академија по повод Светскиот ден на Ромите

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Организирана првата регионална свечена академија по повод Светскиот ден на Ромите

По повод Светскиот ден на Ромите 8-ми април, во организација на Конзорциумот од ромски невладини организации од источна Македонија во Виница се одржа првата регионална свечена академија одбележувајќи го овој значаен ден за Ромите.

На академијата свое обраќање имаше и градоначалникот на општина Берово Звонко Пекевски кој истакна дека ромите се значаен дел од живеењето на заедницата и нивното вклучување во локалното делување е од огромно значење бидејќи надминувањето на маргинализацијата во 21-виот век е клучна за надминување на дискриминацијата со што се постигнува решавање на проблеми кои се во интерес на ромската заедница, меѓутоа самата реализација на проекти од различни сфери значи и реализирани проекти од огромно значење за целата заедница.

Во чест на денот на Ромите, градоначалникот додели и благодарници и награди за најдобрите ученици од Ромската заедница во основните и средното училиште од општината.

Академијата се осврна и на историјатот и значењето на денот, како и читање на лични поетски и прозни творби на ученици од регионот, додека свое обраќање имаше и Министерот без ресор одговорен за спроведување на Стратегијата за Роми Аксел Ахмедовски, како и претседателот на НВО “КХАМ“ – Делчево, Зекир Абдулов.

Целиот настан беше пропратен и со музички блок во кој настапија Џамбо Агушев со Амза Бенд.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии