Насловна Актуелно Вести Одржан традиционалниот маскенбал на дечињата од детската градинка

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Одржан традиционалниот маскенбал на дечињата од детската градинка

Дечињата од ОЈУДГ„23-Август“ од Берово, Русиново, Смојмирово, Митрашинци, и Будинарци денеска дефилираа низ Берово со што традиционално го одржаа првоаприлскиот маскенбал кој беше одложен заради неповолните временски услови.

Заедно со воспитувачките од Детската Градинка “23-ти Август“, најмладите жители на општината беа сокриени под вешто изработените маски. Девојчињата беа принцези, самовили, пеперутки, момчињата беа супер херои од нивните омилени цртани филмови.

Денешниот маскенбал беше најсреќниот хепенинг за најмладите, дечињата кои беа обвиени во априлската еуфорија под маски и кои направија улична парада, почнувајќи од градинката, па се до плоштадот Димитар Беровски, каде секоја група посебно го изрази своето задоволство.

Преполниот плоштад во Берово со насмеани родители, роднини и минувачи уште толку повеќе ја подигаше среќата и задоволството на насмеаните детски лица кои овој ден го очекуваат секогаш со преголема нестрпливост, овој ден за нив претставува влез во нивниот детски свет исполнет со среќа и верување дека токму тие можат да бидат нивните омилени херои.


 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии