Насловна Актуелно Вести Одбележан патрониот празник на ООУ “Дедо Иљо Малешевски“

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Одбележан патрониот празник на ООУ “Дедо Иљо Малешевски“

 

Со богата културно-уметничка и спортска програма ООУ “Дедо Иљо Малешевски“ од Берово го величаше делото на својот патрон одбележувајќи го патрониот празник.

Училиштете кое годинава одбележува 74 години од своето постоење, во оваа учебна година брои 770 ученици и има доста забележителни резултати во сите полиња.

Прославата на патрониот празник започна во дворот на ООУ “Дедо Иљо Малешевски“ каде пред бистата на патронот цвеќе положија делегација од самото училиште предводена од директорката Наташа Аврамска, делегација од општина Берово предводена од градиначалникот Звонко Пекевски, делегација од Советот на општина Берово како и претставници од училишната заедница на училиштето.

Ликот и делото на Дедо Иљо Малешевски беа пренесени преку рециталите на учениците, додека во салата на Бизнис инкубаторот се одржа свеченост на која настапија музичката сексија од училиштето со изведба на неколку точки од репертоарот на мандолинскиот оркестар, пеење на неколку песнички и настап на играорна група од училиштето, а се претставија и драмската секција со драмска изведба и неколку рецитали.

По завршувањето на културно-уметничката програма, на спортските терени се одиграа спортските натпревари во мал фудбал.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии