Жителите на Будинарци на тајно гласање ги избраа членовите на месната заедница
Насловна Актуелно Вести Жителите на Будинарци на тајно гласање ги избраа членовите на месната заедница

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Жителите на Будинарци на тајно гласање ги избраа членовите на месната заедница

Во согласност со Одлуката за распишување на избор на членови на Совет на месна зедница и јавниот повик за свикување на граѓани, во понеделник на 14 мај во Домот на култура во с.Будинарци се одржа Собир на граѓани со почеток во 20 часот.

На собирот собирот присуствуваа околу 140 жители на Будинарци на кои од страна на претставниците од општинската администрација беа изнесени законските одредби за избор на месна заедница, по што жителите се изјаснија дека сакаат да имаат тајно гласање за изборот да помине транспарентно.

Кон присутните се обрати и градоначалникот Звонко Пекевски кој ги истакна придобивките кои ќе ги има селото со изборот на нови членови на месната заедница за поблиска соработка со општината и навремено решавање на проблемите со кои се соочуваат жителите.

Беа предложени 15 лица за членови на советот од кои едно лице не се согласи со кандидатурата, по што се испечатија гласачки ливчиња во кои присутните можеа да заокружат најмалку едно а највеќе 7 лица, со што после гласањето беа пребројани гласовите и беше направена листа на нови 7 членови на советот на Месната заедница на с.Будинарци.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии