Насловна Актуелно Вести АД „Водостопанство“ Берово се вклучи во чистење на пешачката патека околу Беровско езеро

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

АД „Водостопанство“ Берово се вклучи во чистење на пешачката патека околу Беровско езеро

Вработените во АД „Водостопанство“ Берово денеска се вклучија во акцијата за чистење на пешачката патека околу Беровско езеро.

Целта на оваа акција беше како што беше истакнато од раководителот на АД „Водостопанство“ - Берово, беше да се допринесе во развојот на туризмот и поттикнување на самото население од Берово да се зачува природата и самиот туристички потенцијал кој го нуди Малешевијата и се разбира оваа пешачка патека која е една од доста користените туристички понуди со кои располага Берово.

Пешачката патека која се протега во должина од 1680 метри целосно е поставена покрај Беровското езеро во длабочините на боровите шуми кои допринесуваат за едно воздушно и ароматично чистење на посетителите кои се тука во текот на целата година.

Самата акција е дел од постојаните заложби и активности на локалната самоуправа во соработка со институциите и граѓанството од Берово да се допринесе кон зачувување на епитетот на Берово како посакувана туристичка дестинација во сферата на алтернативниот туризам.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии