Насловна Актуелно Вести Културна соработка помеѓу Берово и Боровна - Измир, Турција

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Културна соработка помеѓу Берово и Боровна - Измир, Турција

Развојот на културната соработка и размена беше целта на состанокот кој градоначалникот на општина Берово Звонко Пекевски, директорот и претставници од Домот на култура “Димитар Беровски’ - Берово го имаа со претставници од општина Борнова - Измир, Турција.

 

На средбата којашто се одржа во кабинетот на градоначалникот Пекевски, турската делегација ја изнесе својата цел на посетата и истакнаа дека во Општина Борнова, како една од повеќето општини во Измир се одржува меѓународен фолклорен фестивал на кој учествуваат културно уметнички друштва од многу земји од светот, со што ја искажаа својата подготвеност за да се развие соработка и со КУД “Димитар Беровски“ од Берово кој би можел да биде дел од овогодинешниот фестивал кој се одржува во октомври.

Претставниците од Борнова, меѓу кои имаше и член на Советот на Општина Борнова истакнаа и дека и самите се дел од Турското население повратници од Македонија, коишто во Измир се голем дел од населението и за нив ќе претставува особено задоволство да ја презентираат Македонската култура преку настапот на КУД “Димитар Беровски“ од Берово.

“Средбата којашто ја имавме со претставниците од Општина Борнова претставува една исклучителна можност за културен развој и размена помеѓу двете општини и секако ова е можност за презентација на самата наша општина преку нашите амбасадори, членовите на КУД “Димитар Беровски“ кои го презентираат нашето културно наследство во сферата на фолклорот, кои изведуваат исклучително квалитетни кореографии на песни и ора карактеристични за нашиот крај“ - истакна градоначалникот Пекевски.

 

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии