Насловна Актуелно Вести Се уредува внатрешноста на втората ламела од Домот за стари лица во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Се уредува внатрешноста на втората ламела од Домот за стари лица во Берово

Со вкупна инвестиција од околу 2.350.000 денари, во Берово се започна со градежните активности за уредување на внатрешноста на втората ламела од Домот за згрижување на стари лица “Д-р Иван Влашки“ преку кој капацитетот на домот од 15 ќе се прошири за уште 15 корисници.

Градежните активноти опфаќаат поставување на таванска конструкција од гипсени плочи со изолација от тервол со дебелина од 20 сантиметри, подна облога со плочки и ѕидна облога, како и уредување на тоалети во согласност со прописите за ваков тип на објекти.

Целиот проект кој се планира да биде завршен во следните неколку месеци е продолжување на градежните активности после изградбата на објектот кој беше финансиран од страна на хуманитарната организација Холандија Македонија, по што се очекува до крајот на оваа година истиот да биде и пуштен во употреба.

Средствата за реализација на проектот се обезбедени од Буџетот на Општина Берово.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии