Насловна Актуелно Вести Градоначалникот Пекевски присуствуваше на настан „Промоција на Македонија 2025“

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Градоначалникот Пекевски присуствуваше на настан „Промоција на Македонија 2025“

 

Градоначалникот Пекевски присуствуваше на настан „Промоција на Македонија 2025“ кој се одржа во просториите на Дом на култура во Македонска Каменица.

 

 

Настанот е организиран со цел компаниите од источниот дел да се запознаат со бенифитите кои ги нуди Програмата ,,Македонија 2025, преку вмрежување помеѓу компаниите како моќна алатка за развивање во бизнис секторот и развој на економијата во Македонија.

Пред присутните стопанственици и претставници на фирми од регионот говореа Билјана Марковиќ, директорка на организацијата ,,Македонија 2025, Градоначалникот на Македонска Каменица, Соња Стаменкова и Никола Ќурчиски, претставник на организацијата ,,Македонија 2025.

Директорката Билјана Марковиќ во својата презентација упати на насоките на дејствување на организацијата, придобивките и можностите за развој на компаниите, преку воведување на западните практики и вредности за унапредување на домашните компании.

Во своето експлицитно обраќање таа ја објасни структурата на самата организација, која веќе 10 години успешно опстојува на македонскиот пазар како непрофитна организација со инстутционализиран пристап за привлекување на инвестиции, преку 2 цели : економски и образовен развој на Македонија.

Тоа е светско движење каде многу луѓе кои имаат некаква врска со Македонија, сакаат да вратат во државата, со цел да помногнат на бизнис секторот, преку одредени практики кои ги користат поразвиените земји или дирекно со пронаоѓање на пазар во земјата во која тие работат.

Кон организацијата секојдневно и континуирано пристапуваат нови и нови луѓе и сите се насочени да помагаат за развој на земјата.

Во рамките на промоција на програмата свое излагање имаше и Никола Ќурчиски кој го презентираше личното искуство за соработка со оваа организација и истакна дека само со вмрежување на компаниите може да се подигне нивото на квалитет и пласман на нашите производи.

Градењето на заедничка стратегија е многу важно за развој на стопанството во Македонија , мотивите за нејзино формирање, начинот на кој функционира и активностите преку кои им помага на компаниите во делот на обезбедување контакти, соработка и созадавање на нови бизнис релации.

Во краткото обраќање пред присутните Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, говореше за придобивките и можностите од ваквите промотивни настани, за развој на компаните во регионот и нивно насочување кон западните перспективи и вредности за унапредување на деловните практики.

Средбата беше искористена присутните да можат да разменуваат мислења и да креираат планови за продлабочување на соработката во насока на развој на економијата во овој регион.

Во периодот од 7 до 10 ноември, во хотел Мериор, организацијата ,,Македонија 2025, организира Самит на кој ќе има преку 70 говорници- светски гиганти,чии искуства можат да им помогнат на македонските бизнисмени за развивање на својот бизнис но и во пласман на производите.

Најавени се повеќе од 400 учесници а на самиот настан ќе биде извршена и презентација на успешна приказна на организацијата ,,Македонија 2025”, во македонскиот бизнис.

 

 

 

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии