Насловна Актуелно Вести Градоначалникот Пекевски оствари работна средба со заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлевски

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Градоначалникот Пекевски оствари работна средба со заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлевски

Градоначалникот Пекевски, денеска оствари работна средба со заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлевски, кој денеска беше во работна посета на Берово во рамките на проектот,,Градење на инфраструктура за одржлив развој на туризмот".

 

На средбата заменик министерот Павлевски истакна дека регионалните проекти воглавно се за заштита на животната средина и збогатување на туристичката понуда.

Конкретно во Берово во иднина ќе се финансира техничка документација за изградба на колекторски систем во три населени места. Дополни дека во буџетот за 2018 година средствата за рамномерен регионален развој се удвоени, а тенденција на Владата е секоја година тие да се зголемуваат.

Со ребалансот на буџетот Владата, како што додаде заменик министерот, обезбеди нова буџетска поддршка од 50 милиони евра за решавање на проблемот со долговите на општините.

Градоначалникот Пекевски истакна дека мерките на Владата за подршка во решавање на проблемот со долговите, е многу битен чекор за доведување на општината во една стабилна финснсиска состојба и нормално фукнционирање на тековните активности како и дополнителна можност за реализирање на проектите по приоритет.

Определба и приоритет за Владата, се изградба на нови инфраструктурни проекти - пат до секое населено место, улици, осветлување, здрава вода за пиење, училишта и детски градинки.

Здрава животна средина, стандардизирани депонии, а тоа значи квалитетни земјоделски производи, здрава, органска храна, рече Павлески. Тоа според министерот значи услови за подинамичен развој, нови работни места и подобри услови за живеење

 

Преку програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа во моментот во Источно планскиот регион е започната реализација на 12 нови инфраструктурни проекти, со вкупна вредност од 35 милиони денари.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии