Насловна Актуелно Вести Градоначалникот на Општина Берово, присуствуваше на завршна пресконференција од Проект ,,Зелени згради за заедничка зелена иднина

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Градоначалникот на Општина Берово, присуствуваше на завршна пресконференција од Проект ,,Зелени згради за заедничка зелена иднина

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, присуствуваше на завршна пресконференција по проект ,,ЗЕЛЕНИ ЗГРАДИ ЗА ЗАЕДНИЧКА ЗЕЛЕНА ИДНИНА’’, финансиран од ЕУ преку Интеррег- ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија, која што се одржа во Благоевград-Р. Бугарија.

Со проектот е опфатен источно планскиот регион во смисла на анализа за подобрување на енергетската ефикасност на одредени административни згради.

Во секој град е направена анализа и предвидени се мерки за подобрување.

Во Општина Берово проектот предвидува мерки за подобрување на енергетската ефикасност на зградата на  ОСУ ,,Ацо Русковски “ Берово а во смисла на топлинска изолација на ѕидови, замена на системот за греење, инструменти за мерење, контрола и управување со потрошувачката енергија и замена на светилките .

Имплементацијата на мерките предвидени со проектот во 8 –те објекти во прекуграничниот регион ќе придонесе за намалување на емисијата на штетни супстанци во атмосферата и оптимизирање на потрошувачката на енергија на истите.

Доколку се најдат извори на финансирање за исполнување на мерките од проектот, сето тоа ќе има позитивно влијание врз животната средина и ќе придонесе за исполнување на стратешките цели на програмата за финансирање од овој регион. 


 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии