Насловна Актуелно Вести На забавата и нема крај, ОСУ,,Ацо Русковски” во новогодишна еуфорија

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

На забавата и нема крај, ОСУ,,Ацо Русковски” во новогодишна еуфорија

Учениците од ОСУ,,Ацо Русковски од Берово, вчера, за време на својата новогодишна забава, уште еднаш потврдија дека Берово изобилува со таленти, но и со голема креативност меѓу средношколците.

 

На нивната средношколска забава, која традиционално, веќе неколку децении се организира од страна на учениците во училиштето, тие имаа многу точки и сите беа доста интересни за публиката, во која имаше присутни претставници од сите генерации.

Од глумење, до пеење, игри, лотарија, доделување на награди, сето беше организирано на еден поинаков начин од вообичаено клише, во кое заеднички уживаа учениците, професорите и публиката.

Присутен на забавата беше и Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, кој за организираната лотарија, од Општина Берово,  додели 3000,00 денари за еден среќен добитник.

На забавата на учениците од ОСУ ,,Ацо Русковскиод Берово и нема крај.

 

Во новогодишна еуфорија, тие продолжија да се забавуваат до доцните часови.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии