Насловна Актуелно Вести Извонреден настап на Ангела Здравковска во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Извонреден настап на Ангела Здравковска во Берово

Радост на лицата на музичарите на сцената, радост и новогодишно расположение во очите на публиката, вистински професионална вокално инструментална изведба и многу, многу забава, беше само дел од вчерашните случувања во Бизнис инкубаторот во Берово, на ,,Божиќната мала забава со Ангела Здравковска.

 

 

Секогаш добредојдена пред Беровската публика, нашата сограѓанка Здравковска, заедно со неколкумина музичари, вчера, ја наполнија салата во Бизнис инкубаторот во Берово.

Забавата започна со Македонски евергрини, посветени на Божиќ, понатаму на репертоарот се најдоа  неколку македонски шлагери, поп забавна музика а имаше и изведба на неколку странски песни.

Една убава вечер што ги разгали срцата на публиката пред Божиќ, која  ги запеа рефрените на познатите македонски песни, заедно со неа, во една топла и пријатна атмосфера.

,,Мојата желба се реализираше. Мојот новогодишен подарок за вас- да направам нешто за градот кој кај и да одам со себе го носам. За моето Берово. Истакна Здравковска на својот FB профил .

Ние и посакуваме, уште многу вакви концерти, да ни го збогатува градот со културни настани и се надеваме дека ,,Божиќната мала забава, ќе прерасне во традиција.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии