Насловна Актуелно Вести Божиќна честитка од Градоначалникот Пекевски

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Божиќна честитка од Градоначалникот Пекевски

Ми претставува задоволство, во овие празнични денови, да Ви го честитам големиот празник, Христовото раѓање- БОЖИЌ и да Ви посакувам  добро здравје, лична и семејна среќа и многу успех .

 

Преку овој голем чин во човечката историја, се исполни надежта на човековиот род. Од тогаш па до денес, го следиме патот на животот заснован на вредности, без лоша мисла, во кој заедничките активности, човекољубието, благосостојбата, соработката, толеранцијата и создавањето на добри дела се дел од сите нас.

Сплотени и со отворени срца и чиста мисла да се радуваме на она што ни е дадено и на секој нов ден, во кој ќе се разбудиме здрави,  да бидеме среќни со она што го имаме.

Празнувајќи го овој голем празник, да не заборавиме да посведочиме за безмерната божја љубов, да се всели мирот и спокојството во секој од нас и почитувајќи се меѓусебно, да ја градиме заедницата низ овие големи вредности.

Да успееме во овие времиња да ја зачуваме Божиќната магија и во текот на цела година, секој ден да бидеме подобри од претходниот  и секојдневно да правиме добри дела.

Да веруваме, зашто вербата ја прави секоја мисија возможна, да се надеваме зашто надежта го прави секој подвиг достижен и да ги остваруваме нашите замисли низ труд и работа.

Празнувањето на Божиќ нека ни биде причина за неизмерна радост, среќа и многу убави моменти.

Пречекајте ги деновите исполнети со здравје, среќа и спокојство во текот на целата година.

Нека секој ден Ви биде БОЖИЌ.

Нека Ви е честит големиот христијански празник БОЖИЌ и за многу години!

ХРИСТОС СЕ РОДИ –НАВИСТИНА СЕ РОДИ!

ОПШТИНА БЕРОВО

Градоначалник

ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии