Насловна Актуелно Вести Првороденото дете во 2019 година во Берово е машко

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Првороденото дете во 2019 година во Берово е машко

 

Првороденото дете во Берово во 2019 година е машко, што навестува богата и бериќетна година.

Во Здравствениот дом во Берово, четири часа по полноќ, на 6 јануари (Бадник), мајката Јулија Новоселска, на свет го донесе првиот жител на Општина Берово за 2019 година.

 

Бебето е родено, тешко 2.550 грама и 48 cm долго, точно на Бадник, ден пред раѓањето на Исус Христос , што навестува бериќет и плодна година за Берово.

Градоначалникот Пекевски, ги посети бебето и родилката во родилиштето во Берово и додели   6.000,00 денари, од Буџетот на Општина Берово, за првородено дете на територијата на Општина Берово во 2019 година .

,,Им порачувам на младите, оваа година, да биде година, во која ќе ги прошируваат своите смејства. Во традиционалното семејство, децата се најголемо богатство. Зголемувањето на наталитетот е приоритет на локалната заедница, која подржувајќи ги владините политики ги стимулира и помага многудетните семејства.”- истакна Градоначалникот Пекевски.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии