Насловна Актуелно Вести Повик за пријавување на работнички спортски игри во мал фудбал 2019 год

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Повик за пријавување на работнички спортски игри во мал фудбал 2019 год

 

Општина Берово организира „Работнички спортски игри“ во мал фудбал, 2019 година, кои традиционално секоја година се организираат со цел, спортување, оттргнување од секојдневните обврски и подобрување на  соработката помеѓу институциите.

 

Настанот ќе се одржи во периодот- февруари 2019 год.

Општина Берово, како домаќин, ги поканува сите заинтересирани јавни институции, општини и правни субјекти, да се пријават доколку сакаат да земат учество.

Пријавувањето трае до 04.02.2019 година до 15 часот.

Турнирот е планирано да започне на 11.02.2019 год.

За разлика од претходните години, оваа година турнирот ќе се игра, со поинакви правила од претходните години.

Почетниот состанок за организацијата на турнирот ќе се одржи во среда 16.01.2019 во 15 часот, во салата на Совет на Општина Берово.

Се покануваат сите заинтересирани, кои имаат свои екипи, да испратат свој претставник на состанокот како би се запознале со правилата на  работничките спортски игри во мал фудбал 2019 година.

Пријавите може да се поднесат на:

email: [email protected]

[email protected]

на телефонскиот број:

033/471-057, локал 114 или 110,

како и лично во просториите на Општина Берово.

Лица за контакт од Општина Берово:

Зоран Нешкевски тел 071 626 649 и

Новица Печински тел 078 568 818,

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии