Насловна Актуелно Вести Штедиме енергија и ја чуваме животната средина

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Штедиме енергија и ја чуваме животната средина

На три јавни објекти во Берово, ќе бидат инсталирани фотоволтаични системи

На барање на Владата, Европската Унија обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура.

Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20,667 милиони евра.

 

Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од страна на Светска банка.

Овие средства им се доделуваат на општините во форма на грантови и придонесуваат за подобрување на инфраструктурата во руралните средини.

Дел од средствата предвидени во програмата, согласно одобрувањето од донаторот и администраторот на грантот, Министерството за финансии ги намени за набавка и инсталација на фотоволтаични системи во јавни општински објекти.

36 општини во четири региони со најнизок БДП по глава на жител ќе бидат корисници на овие грант инвестиции.

Општина Берово е една од 36-те општини каде што е предвидено фотоволтаични системи да бидат инсталирани во следниве три јавни објекти:

Пречистителна станица за отпадни води-Берово

ООУ„Дедо Иљо Малешевски“ Берово

ОСУ„Ацо Русковски“ Берово

Со набавката на фотоволтаични системи ќе се направат значајни заштеди на електрична енергија кај овие јавни објекти, со што директно ќе се намалат трошоците на општината.

Едновремено со овој проект ќе се зголеми и бројот на користени обновливи извори на енергија согласно стратешките напори на Владата за поттикнување на користење на обновливи извори на енергија и заштита на животната средина.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии