Насловна Актуелно Вести Одговор по неоснованите обвинувања на фејсбук профилот на еден од Управителите на ДИК,, Фагус" ДООЕЛ Пехчево

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Одговор по неоснованите обвинувања на фејсбук профилот на еден од Управителите на ДИК,, Фагус" ДООЕЛ Пехчево

Деновиве, на фејсбук профилот на еден од Управителите на ДИК ,,Фагус" ДООЕЛ Пехчево, е објавен пост за наводен рекет, извршен од страна на Градоначалникот на Општина Берово, при издавање на решение на ДИК ,,Фагус’’ ДООЕЛ Пехчево, за задолжување со данок на промет на недвижност.

Во врска со истиот, Ве известуваме дека Решението на Градоначалникот на општина Берово, УП.бр.21-231/2 од 21.06.2019 година, за задолжување на ДИК ,,Фагус" ДООЕЛ Пехчево, со данок на промет на недвижност за купено градежно земјиште,сопственост на Република Северна Македонија, е донесено врз основа на Законот за даноците на имот, Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижен имот, Одлуката на Советот на Општина Берово, како и останатите законски и подзаконски акти кои ја регулираат предметната област.

Согласно член 21 став 1  од Законот за даноците на имот (Сл.весник на РМ бр. 61/04... 23/16).

„Основа на данокот на промет на недвижности е ПАЗАРНАТА ВРЕДНОСТ на недвижноста во моментот на настанувањето на обврската„, односно истиот начин на кој, во конкретниот случај е пресметана основата за плаќање на данокот на промет на недвижности.

Пазарната вредност се утврдува според Методологијата за процена на пазарната вредност  нa недвижен имот.

Доколку правниот субјект, ДИК ,,Фагус" ДООЕЛ Пехчево смета дека е направена неправилност, од страна на Oпштината, при пресметка на даночната основа, согласно Законот за даноците, може против Решението на Градоначалникот УП.бр.21-231/2 од 21.06.2019 година, да поведе управен спор со тужба пред Управен Суд, во рок од 30 дена од приемот на Решението.

Предходно и при пресметката на данок на промет на објектите кои се наоѓаат на предметното земјиште, од страна на ДИК Фагус ДООЕЛ Пехчево, постоеја негодувања и беше покрената тужба против Општина Берово, пред Управен Суд, по што Управниот Суд, се произнесе во полза на Општина Берово.

Јас како Градоначалник, сум целосно посветен кон соработката со сите локални инвеститори, во пронаоѓање на нови начини и нивоа на соработка, со крајна цел, унапредување на животот на граѓаните во општинита, се разбира се во рамките на законите.

Сепак, секакво неосновано ширење на шпекулации и манипулации во јавноста за изнудување на рекет од страна на Градоначалникот на општина Берово, се основ за покренување на тужба, од страна на Градоначалникот, против инволвираните страни.

Со почит,

Градоначалник на Општина Берово

Звонко Пекевски

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии