Насловна Актуелно Вести Утре Советот на Општина Берово ќе ја одржи 21 та Седница

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Утре Советот на Општина Берово ќе ја одржи 21 та Седница

 

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локална самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002),член 44 став 2 од Статутот на Општина Берово („Сл.гласник на Општина Берово“ бр.13/02,18/07, 30/08 и 20/10) и член 57 став 1 алинеа 1 од Деловникот за работа на Советот на Општина Берово („Службен гласник на Општина Берово“ бр.18/07), Претседателот на Советот на Општина Берово донесе:

 

Р Е Ш Е Н И Е

Ја свикувам 21-та (дваесет и првата) седница на Советот на Општина Берово на ден 12.07.2019 година (петок), со почеток во 08:00 (осум) часот со следниот:

Д н е в е н р е д:

1. Усвојување на Записник од 20-та Седница на Совет на Општина Берово;

2. Н А Ц Р Т С Т А Т У Т за измени на Статутот на Општина Берово;

3. П Р Е Д Л О Г С Т А Т У Т за измени на Статутот на Општина Берово;

4. Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Берово за 2019 година;

5. Одлука за утврдување на Предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Пехчево и општина Берово;

6. Измена на Годишен План за вработување на Општина Берово за 2019 година;

7. Годишен План за вработување на Општина Берово за 2020 година;

8. Стратегија за развој на туризмот во Општина Берово 2019 – 2029;

9. Предлог О Д Л У К А за утврдување на потреба од наплата на комунална такса за јавно осветлување во населено место Абланица, општина Берово;

10. Предлог Одлука за измена на Одлуката за определување на населени места во Општина Берово каде нема јавно осветлување Бр.07-2236/1 од 07.11.2012 година;

11. Предлог О Д Л У К А за давање согласност и овластување на Градоначалникот на општина Берово за потпишување на Договор со ЈПКР “Услуга” Берово за регулирање на правата и обврските по правосилна и извршна Пресуда на Основен Суд Берово П1-30/18 од 24.04.2019 година;

12. О Д Л У К А за ослободување од плаќање на комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување;

13. Р Е Ш Е Н И Е за основање на Општински совет за социјална заштита на во Општина Берово;

14. О Д Л У К А за усогласување на намените на Деталниот урбанистички план на Берово, во однос на легализација на објектите надвор од дефиниран опфат на планот за КП 2948/2, КО Владимирово, по барање на Ванчо Рабаџиски од Владимирово;

15. О Д Л У К А за усогласување на намените на Деталниот урбанистички план на Берово, во однос на легализација на објектите надвор од дефиниран опфат на планот за КП 15032, КП 15033 и КП 2948/3, КО Владимирово, по барање на Ванчо Рабаџиски од Владимирово;

16. О Д Л У К А за усогласување на намените на Деталниот урбанистички план на Берово, во однос на легализација на објектите надвор од дефиниран опфат на планот за КП 12374, КО Берово вон-град, по барање на Љупчо Каламадевски од Берово;

17. О Д Л У К А за усогласување на намените на Деталниот урбанистички план на Берово, во однос на легализација на објектите надвор од дефиниран опфат на планот за КП 12847, КО Берово вон-град, по барање на Кристинка Двојаковска и Борис Двојаковски;

18. Измена и дополнување на Програмата (ЈД, Ј6 и ЈФ) за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици во Општина Берово во 2019 година;

19. Измена и дополнување на Трошоци за уредување на градежното земјиште по области и објекти (2019 година);

20. Измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Берово во областа на културата во 2019 година;

21. Барање согласност за формирање на паралелки со помалку од 24 ученици во ООУ Дедо Иљо Малешевски – Берово и Подрачните училишта за учебната 2019 – 2020 година;

22. Годишен План за вработување на ООУ Дедо Иљо Малешевски Берово за 2020 година;

23. Барање за согласност за формирање на паралелки со помалку од 24 ученици во ООУ,,Никола Петров Русински с.Русиново, општина Берово;

24. Годишен План за вработување за 2020 година на ООУ,,Никола Петров Русински с.Русиново, општина Берово

25. Годишен Извештај за работа на ООУ Никола Петров Русински с.Русиново, Берово за 2018 – 2019 година;

26. Одлука на Управен одбор при ЈПКР Услуга Берово за субвенционирање за набавка на половно возило камион кипер за потребите на ЈПКР,,Услуга Берово

27. Заклучок на Управен одбор при ЈПКР Услуга Берово за отпочнување на постапка за јавна набавка од страна на општина Берово за набавка на специјално возило за собирање на смет ;

28. Тримесечен финансиски извештај за работа на ЈПКР,,Услуга” Берово за 2019 година;

29. Одлука за обезбедување на финансиски средства за покривање на загубите на ЈПКР,,Услуга” Берово за 2018 година;

30. Решение за разрешување и именување на членови на Управен Одбор при ЈПКР Услуга Берово;

31. Годишен План за вработување за 2020 година на ЈПКР Услуга Берово;

32. Годишен план за вработување за 2020 година на ОСУ,,Ацо Русковски Берово;

33. Барање за согласност за формирање на паралелки со помалку од 25 ученици во ОСУ Ацо Русковски Берово за учебната 2019 – 2020 година;

34. Статутарна одлука за изменување и дополнување на статутот на ОЈУ за деца детска градинка ,,23 Август- Берово;

35. Правилник за внатрешна организација на ОЈУДГ ,,23 Август – Берово ;

36. Правилник за систематизација на работните места на ОЈУДГ ,,23 Август” – Берово ;

37. Одлука за давање на согласност за прифаќање на поголем број на деца во ОЈУДГ 23 Август Берово;

38. Одлука за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време во ОЈУДГ 23 Август Берово;

39. О Д Л У К А за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги вработени во ОЈУДГ “23 Август” Берово и на директорот за 2019 година;

40. Годишен план за вработување за 2020 година на ОЈУДГ 23 Август Берово;

41. Годишен план за вработување за 2020 година на Дом на култура Димитар Беровски Берово;

42. Годишен план за вработување за 2020 година на Општинска јавна установа за социјална заштита на стари лица Д-р Иван Влашки Берово

43. Барања од институции и граѓани;

44. Советнички иницијативи и прашања.

Совет на Општина Берово

Претседател

Јован Матеничарски

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии