Насловна Актуелно Вести Се поблиску, отварањето на граничниот премин Клепало

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Се поблиску, отварањето на граничниот премин Клепало

 

Се поблиску остарувањето на уште една заложба на општина Берово, за отворање на граничниот премин Клепало, што ќе ги зајакне врските на народите од двете страни на границата.

По заедничка средба на Градоначалниците од Берово и Струмјани, Р.Бугарија, ќе се знаат конкретно работи од бугарска страна и се очекува, во 2020 година да профункционира новиот премин на истокот.

 

Во моментот се работи на рехабилитацијата на патот Берово-Клепало, кое нешто е од огромно значење не само за отворање на граничниот премин, туку и за развојот на туризмот во Берово.

Од она што е веќе познато, остануваат уште околу шест километри, незавршен дел, патна инфраструктура од Бугарска страна.

Во разговорите со бугарските власти, треба да ги видиме и нивните потреби за евентуално отпочнување на разговори, за нови гранични премини- истакна Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски.

Истакнувајќи благодарност до Владата на РСМ, Градоначалникот Пекевски подвлече дека се работи на рехабилитација на сите патни правци, во Малешевијата и дека тоа ќе значи многу за развојот на овој регион.

Подобрувањето на патната инфраструктура е од огромно значење за развојот на Берово, а со отварањето на граничниот премин Клепало ќе се овозможи подобра комуникација, на граѓаните од двете страни на границата, размена на идеи, развој на економијата и туризмот и можност за нови вработувања и подобрување на социо-економската положба на граѓаните.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии