Насловна Актуелно Вести Двориште ќе добие водовод

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Двориште ќе добие водовод

Градначалникот Пекевски и Министерот Сугаревски вчера, во с. Двориште најавија решавање на проблемот со вода за пиење.

Во рамките на посетата на Берово, Министерот за транспорт и врски, Сугарески придружуван од градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски и Претседателот на Советот на Општина Берово, Јован Матеничарски, остварија маалска средба со жителите на село Двориште, од каде што најавија, конечно решавање на проблемот со водата за пиење во с. Двориште.

-Задоволство ми е, што денеска сум помеѓу граѓаните на Берово и село Двориште бидејќи можам да истакнам дека се спроведуваат низа активности на полето на инфраструктурата кои обезбедуваат безбедно и сигурно движење на граѓаните и подобри услови. Се реконструира патот Берово-Виница, интензивно се асфалтира патот од Берово до граничниот премин Клепало. Решаваме уште еден проблем кој со години наназад не беше решен, водовод во село Двориште. За десетина дена ќе се објави јавниот повик, за изградба на водовод во село Двориште а годинава ќе го надградиме и водоводниот систем за туристичката населба Беровско езеро. Генерално инфраструктурните инвестиции во Берово, годинава, надминуваат преку 6 милиони евра, истакна Сугаревски.

Реализацијата на овој проект, е исполнување на уште едно од ветувањата на Градоначалникот на Општина Берово, од предизборната програма, со кој ќе се реши голем проблем на жителите од ова село.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии