Насловна Актуелно Вести Општина Берово изврши заловување на кучиња скитници

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Општина Берово изврши заловување на кучиња скитници

 

Согласно програмата бр. 09-3942/1 од 30.11.2018 год. за Заловување на кучиња скитници на територијата на Општина Берово за 2019 година и  законските прописи, ЕЛС Општина Берово, денеска изврши заловување на кучиња скитници на територијата на општина Берово, кои се однесени на третирање, кај лиценцираниот оператор, изберен како најповолен понудувач на јавниот повик.

 

Служби на А.Д. Ветеринарно сточарски центар „Тодор Велков“ - Куманово во текот на денешниот ден, 12.06.2019 год. согласно склучениот договор, заловии 5 кучиња на јавни површини во општина Берово, кои понатаму ќе поминат преку соодветен третман.


ДОКОЛКУ Е ЗАЛОВЕНО КУЧЕ КОЕ ШТО ИМА СОПСТВЕНИК , ОСВЕН ТРОШОЦИТЕ ЗА ЗАЛОВУВАЊЕТО КОИ ЌЕ ГИ ПОДНЕСЕ САМИОТ СОПСТВЕНИК НА КУЧЕТО, ЌЕ МУ СЛЕДУВА И ГЛОБА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ, ОДЛУКАТА ЗА КОМУНАЛЕН РЕД И ЗАКОНОТ ЗА БЛАГОСОСТОЈБА НА ЖИВОТНИТЕ.

АПЕЛИРАМЕ, во интерес на одбегнување на несакани последици по здравјето и безбедноста на граѓаните,  сите сопственици да ги ЧУВААТ своите кучиња и да се грижат за нив согласно законските прописи.

Закон за благосостојба на животните :


Член 27 став 3:


„Кучињата кога се на јавно место треба да бидат врзани на поводник, во придружба на нивните сопственици “


Член 28 став 5 :


„Трошоците за заловување и третман на регистрирани и нерегистрирани кучиња се на товар на сопствениците на кучиња ...“

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии