Насловна Актуелно Вести Потпишан договорот за имплементирање на проектот за уредување на коритото на река Брегалница

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Потпишан договорот за имплементирање на проектот за уредување на коритото на река Брегалница

Општина Берово продолжува со реконструкција на речното корито на реката Брегалница – втора фаза преку финансирање од Европската унија, за кое денеска на официјална церемонија во Министерството за регионален развој и уредување на Република Бугарија беа врачени потпишаните договори по програмата Интеррег – прекугранична соработка Бугарија- Македонија. Договорите беа врачени на водечките партнери на проектите од страна на г-ѓа Петја Аврамова министер за регионален развој и уредување, г-ѓа Деница Николова заменик министер и г-дин Горан Милевски – министер за локална самоуправа на Република Северна Македонија.

 

Проектот со наслов „Спасување на жителите од една планина долж две реки“ (Saving inhabitants of one mountain along two rivers) предвидува изведба на градежни и монтажерски работи за подобрување на текот на река Брегалница во Берово, на потегот од хотел Македонија до мостот кај Ветеринарна станица во Берово, како и уредување на речното корито на Цапаревска река во Општина Струмјани – Република Бугарија.

Со реализацијата на овој проект ќе се подобри превенцијата од природни и вештачки катастрофи а коритото на реката Брегалница ќе добие модерен и урбан изглед.

Проектот ќе биде изведуван во период од 24 месеци, а вкупната вредност изнесува 397.739,11 евра од кои 198.757,88 евра се за Општина Берово, а останатите 198.981,23 евра се за Општина Струмјани.

Општина Берово е една од ретките општини со големо искуство во реализација на европски проекти, па така овој проект ќе биде 5 ти по ред кој ќе го реализира со европски пари.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии