Насловна Актуелно Вести Означен почетокот на реализација на проектот за уредување на речното корито на река Брегалница во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Означен почетокот на реализација на проектот за уредување на речното корито на река Брегалница во Берово


Министерот за локална самоуправа Горан Милевски и Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, денеска во Берово, заедно со присутните Советници и граѓани, го означија почетокот на реализацијата на проектот, за уредување на речното корито на  река Брегалница, во вкупен износ од околу 20 милиони денари.

 

За реализација на овој проект 6 милиони денари се обезбедени од Буџетот на Министерството, од програмата за рамномерен регионален развој и 1 милион денари се обезбедени од  Буџетот на општината, а другите средства се обезбед ени преку ИПА Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија.

Преку реализацијата на овој проект ќе се урбанизира еден доста руиниран дел од Берово, ќе се збогати туристичката понуда, со тоа што ќе се воведат нови содржини во рекреативна и спортска смисла а жителите и туристите ќе имаат можност да уживаат во природа на кејот на река Брегалница, истакна Градоначалникот Пекевски.

​Седум милиони денари ќе бидат искористени за уредување на кејот со комплетна урбана опрема за пешачка и велосипетска патека, со што граѓаните на Берово, но и туристите кои што престојуваат овде, ќе добијат нов, уреден и опремен простор за рекреација. Паралелно ќе се работи и на уредување на речното корито, со средства од ИПА Програмата за прекугранична соработка на Северна Македонија  со Бугарија- истакна Министерот Милевски.Тој исто така посочи и дека Владата ги има дуплирано буџетските средства за рамномерен регионален развој,од 35 милиони евра во 2017 на 70 милиони евра во 2019 година, а Министерството за локална самоуправа во наредниот период ќе работи со зголемена динамика на нормативната рамка и на нова Стратегија.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии