Насловна Актуелно Вести Работна средба на Градоначалникот Пекевски и Министерот Милевски

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Работна средба на Градоначалникот Пекевски и Министерот Милевски

Забрзување со постапката за отварањето на граничниот премин Клепало и подобрување на патната инфраструктурата до самиот премин, беше тема на разговор на остварената работна средба, на Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски и Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

Истакнувајќи ги приоритетите за решавање во Берово, Градоначалникот Пекевски посочи дека се надева на добра соработка со Министерството и очекува отварањето на граничниот премин Клепало конечно да се случи во 2020 година, за кое нешто се очекува голема подршка од Министерството за локална самоуправа.

Министерот Милевски го посети граничниот премин Клепало, од каде што истакна дека мора да се работи на продолжување со подобрување на патната инфраструктура до самиот премин.

Во периодот што следи ќе му дадеме приоритет на Клепало, бидејки ова е доста важно за остварување на стратешките цели за развој на Берово.

Ќе бидеме во контакт и со соседите од Бугарија и се надеваме заеднички да најдеме начин да се асфалтира делот што остана од бугарска страна, но да не остане неподобрена и патната инфраструктура од Беровско езеро до Клепало-истакна Министерот Милевски.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии