Насловна Актуелно Вести ООУ,,Дедо Иљо Малешевски”, летниот период го користи за подобрување на условите за учење

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

ООУ,,Дедо Иљо Малешевски”, летниот период го користи за подобрување на условите за учење

 

ООУ,,Дедо Иљо Малешевски”,од Берово, летниот период ќе го искористи за да ги подобри условите за учење на учениците.

Започна изведување на работи и набавка на стоки за реконструкција, санација, и опремување на ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски" - Берово и подрачните училишта.

 

Ќе се замени преостанатиот дел на старата столарија со нова ПВЦ столарија, кровната конструкција ќе биде целосно заменета, ќе се изведе термоизолациона фасада, на целото училиште, ќе се набави нова санитарна опрема, а првачињата во Берово, од есен ќе имаат и нова опрема од столчиња, работни масички и ормари.

Во рамките на активностите на подрачните училишта, во населените места, ќе се изврши белење на ѕидовите, во неколку од подрачните училишта.

За овој проект општината и училиштето, ќе издвојат 17.500.000,00 денари, а истиот се очекува да биде завршен, почетокот на месец октомври, оваа година.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии