Насловна Актуелно Вести Нова канализациона мрежа во населба ,,МИЛО” во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Нова канализациона мрежа во населба ,,МИЛО” во Берово

Општина Берово, постојано се грижи за подобрување на условите за живот на своите граѓани.

Во рамките на програмата за уредување на градежно земјиште на Одделението за комунални дејности, започнува со изградба на нова канализациона мрежа за отпадни води, за населба ,,МИЛО.

Оваа населба, конечно ќе добие канализација и ќе се поврзе со колекторскиот систем во градот, а ќе бидат опфатени и делови од околното градежно земјиште, каде што во иднина би можеле да изникнат, нови семејни куќи.

Со тоа ќе се надмине долгогодишниот проблем на жителите од оваа населба и ќе им се подобрат условите за живот, преку што, ќе ја заштитиме и животната средина.

Новиот колекторски систем ќе помине од другата страна на река Брегалница, кај просториите на ЈПКР,,Услуга Берово, со цел да бидат опфатени што поголем број на парцели, кои се наоѓаат во градежниот реон. Ќе биде поврзан на веќе постоечкиот систем кај Кафтански мост, на река Брегалница.

Изведувачот е веќе воведен во градба и градежните работи ќе почнат во наредниот период.

Средствата во износ од 3.564.956,00 денари, за реализација на овој проект, се обезбедени од Министерство за животна средина, а кофинансирање има и од општинскиот буџет.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии