Насловна Актуелно Вести Потпишан договорот за изградба на ул.,,4" во с. Русиново

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Потпишан договорот за изградба на ул.,,4" во с. Русиново

На свечената церемонија, во Владата на Република Северна Македонија. Градоначалникот на Општина Берово,Звонко Пекевски, денска го потпиша договорот за ,,Изградба на ул,,4" во с. Русиново".

Со реконструкцијата на улица,,4" во  с. Русиново, ќе се придонесе кон подобрување на условите за живот во руралните места.

 

Средствата за изградба на оваа улица во вкупен износ од 2.567.031,94 се обезбедени по 50 % од Програмата за рамномерен регионален развој, на Министерството за локална самоуправа, Биро за регионален развој и 50 % од Буџетот на Општина Берово за 2019 година.

Изградбата на улица ,,4" во с. Русиново, е еден од приоритетите, кој беше предложен од граѓаните, при средбите на Градоначалникот, со претставници на Месната заедница.

Оваа улица ќе ја користат сите жители на с. Русиново, кои имаат  куќи и земјоделски стопанства, за да стасаат до своите имоти.

Од особено значење е и подобрување на пристапноста на возилата за итна медицинска помош и противпожарните возила.

 

Со реконструкцијата на ул.,,4”, ќе се подобри социјалната кохезија на жителите на оваа улица но и на останатите граѓани и посетители на с. Русиновo.


Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии