Насловна Актуелно Вести Демант од Општина Берово повод наводите изнесени од Здружението на граѓани „ПСК Малешевска Корија“

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Демант од Општина Берово повод наводите изнесени од Здружението на граѓани „ПСК Малешевска Корија“

Почитувани граѓани,

Би сакале да ги демантираме наводите изнесени од почитуваната госпоѓа Дина Муцунска, претседател на Управниот Одбор на здружението ПСК Малешевска Корија“, преку профилот на Фејсбук на конкретното здружение.

На средбите кои беа одржани во општината, по повод поддршка на овој убав настан, беше укажано дека средствата кои се побарани како поддршка во вкупен износ од 120.000,00 денари, можат да се обезбедат САМО со поднесување апликација на повикот за поддршка на Невладини организации со конкретна процедура и рокови.

За жал барањето на Здружението„ПСК Малешевска Корија“ не беше комплетно и Комисијата за Финансирање Буџет и ЛЕР, при Советот на Општина Берово (во самото одлучување воопшто нема надлежност Градоначалникот на Општината), согласно јавниот повик, уште во текот на евалуацијата ги оцени како Здружение кое нема исполнетост на условите и критериумите.

ПЕВЕЗЕМИ ИЗВЕШТАЈ ОД ЕВАЛУАЦИЈА

Воедно на барање на почитуваната Муцунска, општината да се вклучи во активно барање на спонзори за настанот и беше укажано дека Општината во тој период го организира познатиот ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛ и сите човечки ресурси се насочени кон организацијата на тој комплексен настан.

Поддршката што е понудена, потоа е со цел сепак да се помогне на настанот во рамките на можностите и не поминувајќи ниту една законска рамка.

И минатата година општината беше горд поддржувач на овој убав настан и со финансиски средства и со целосна логистика на луѓе, опрема, локација, со цел промоција на туризмот и поттикнување на одржување на вакви настани, кои ќе го унапредуваат туризмот во Берово во сите 12 месеци во годината.

Се надеваме дека веќе следната година здружението и почитуваната Муцунска ќе најдат начин овој убав настан да продолжи и општината да биде дел од поддржувачите со сите расположиви ресурси.

 

Градоначалник на Општина Берово

Звонко Пекевски

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии