Насловна Актуелно Вести Берово најавува одлична забава за време на Етно Плоштад Фестивалот

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Берово најавува одлична забава за време на Етно Плоштад Фестивалот

Една недела до големиот Етно Плоштад Фестивал во БЕРОВО.

Интензивно се работи на последните подготовки на еден од најдобрите и најпосетените културни настани во источниот регион.

Фестивалот ќе започне на 23 август (петок), со свечено отварање во 20:00 часот, на сцената во центарот во Берово, каде сите посетители ќе имаат можност да проследат една исклучително богата програма, со настап на голем број препознатливи музички имиња, со кои ќе бидат задоволени различните музички вкусови.

Главен настан на фестивалот е настапот на балканската звезда Џенан Лончаревиќ, а ќе настапат и други звучни имиња како Влатко Стефановски, Горан Алачки, Етно Малеш, Синтезис, 2 Бона, Влатко Лозановски, Бени и Нон Стоп, Ефто Пупиновски, Тхе Штекица, „ДЈ Сене", Ескејп Бенд, Кико и Столе, Ангел и Иван, КУД „Димитар Беровски" и многу други.

Генерален спонзор на фестивалот е општествено одговорна компанија ЗЕГИН.

Во рамките на ЕТНО Плоштад фестивалот, можете за ги посетите и тезгите со здрава храна,сувенири, ракотворби, еколошки производи, традиционални занаети и слично.

Несомнено е дека Етно плоштад фестивалот и Берово се следната културна дестинација во Македонија, наредната недела, од 23-ти до 27-ми август.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии