Насловна Актуелно Вести Меморијален турнир во мал фудбал во чест на Македонските Бранители

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

 

 

Меморијален турнир во мал фудбал во чест на Македонските Бранители

Низ историјата на нашата држава многу личности ги дадоа своите животи за доброто и слободата на нашиот народ. Затоа нивните дела ги прават живи дури и после смртта.

Голема е загубата за семејствата на загинатите како и за државата, но треба да бидеме среќни и горди што сме познавале такви луѓе и што биле дел од нашите животи.

Во чест на нив, во чест на Мирчовски Љупчо, припадник на Воена Полиција – Скопје,  Бубевски Зоран – Барба, припадник на Баталјонот за логистика – Куманово, Двојаковски Димитар, припадник на Шкорпиони – Штип и Пехчевски Никола – Коки, припадник на ЕСЗ Тигар, кои ги дадоа своите животи во воениот конфликт во 2001 година, по деветти пат се одржа турнир во мал фудбал во салата „Македонски Бранители“ во Берово.

На турнирот зедоа учество осум екипи меѓу кои: Полициска Станица Берово, Друштво на Бранители – Берово, ЕСЗ Тигар – Скопје, Воена Полиција – Скопје, Воена Пошта 7925 – Штип, Воена Пошта 4420 – Скопје, Полициска Станица Свети Николе и Полициска Станица Делчево.

По одиграните натпревари беа доделени благодарници за учество на сите екипи, дипломи за најдобар играч, голман и стрелец, најфер екипа и судија на турнирот, како и пехари за освоено прво место на ЕСЗ Тигар – Скопје, второ место на Друштво на Бранители – Берово и трето место на Воена Пошта 7925 – Штип.

Фактот што турнирот се организира во чест на борците кои потекнуваат Малешевијата, треба да ни претставува уште поголема чест и гордост што такви јунаци се родиле на нашите простори, што такви луѓе ја штитеа и не дозволија Македонија да потпадне под туѓите влијанија!

Нека им е вечна славата!

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии