Насловна Актуелно Вести Еко - хепенинг во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Еко - хепенинг во Берово

Зачувувањето на природата е едно од најзначајните и најприоритетни прашања за подигање на нивото на Берово и промоција во сферата на алтернативниот туризам.

Сепак зачувувањето е во голема врска и со жителите на општината кои се директен фактор за нејзино намалување.

Токму поради тоа Општина Берово во соработка со Швајцарската Амбасада во Република Македонија организираше еко - хепенинг во Берово под мотото „Не валкај ја природата и имиџот на Берово„ и „Собирај ПЕТ за подобар свет“.

Во рамките на еко - хепенингот беше организирана еко - парада која се движеше по ул.„Маршал Тито“ во просторот од Полициската станица до плоштадот „Димитар Беровски“ во која децата од ООУ „Никола Петров Русински“ , ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ и детската градинка „23 Август“ ја искажаа својата креативност преку носење на транспатенти со слогани за заштита на животната средина.

Еко - хепенингот продолжи на плоштадот во Берово каде градоначалникот на Општина Берово ја искажа благодарноста до Амбасадата на Швајцарија за реализацијата на овој проект со кој Берово доби контењери за собирање  на пластичен отпад , како и благодарност до Гоце Букушовски кој е главниот реализатор на овој проект.

На задоволство на младите во општината, еко - хепенингот продолжи со настап на македонската музичка ѕвезда Влатко Лозановски кој на сцената на плоштадот изведе дел од неговиот репертоар.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии