Насловна Актуелно Вести Осветување на црквата „Св.Недела и Св.Петка“

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Осветување на црквата „Св.Недела и Св.Петка“

Духовното издигнување зборува за нескршливоста на верата која ја носиме во нас. Таа зборува за постоењето на христијанството низ вековите и постоењето на храмови за продолжување на верата која  води кон просветлување и духовна смиреност.

Колку повеќе храмови, толку повеќе божји домови за славење на името Христово.

Колку повеќе храмови, толку повеќе домови за духовно чистење на мислите на луѓето.

Берово е вистински храм за развој на Христијанството, што го докажува и постоењето на големиот број на цркви и манастири во општината.

Со осветувањето на цркавата „Св.Недела и Св.Петка“ во месноста Абланица, Берово доби уште еден божји храм во кој ќе продолжи развојот на Христијанството.

Осветувањето го изврши митрополит Струмички г.Наум кој изјави дека е убаво да имаме места во кои ќе се собираме, ќе ја одржуваме светата литургија и ќе го проучуваме божјото слово.

Изградбата на оваа црква е овозможена со средства донирани од правни и физички лица како од Берово така и од републиката.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии